02. 01. 2015  - Пресек за состојбата со проодност на патиштата

 и

снабдувањето со електрична енергија до 15:30 часот

Во општините Охрид и Дебрца сите патни правци се проодни за сообраќај во зимски услови. Електроснабдувањето е редовно и без дефекти.

Во општина Струга регионалниот пат с. Мислодежда до с. Селци е непрооден (села во Малесијата). Непроодни се и регионалниот патен правец до с.Горна Белица, како и патот до Репетиторот во с. Мали Влај. Патниот правец Лабуништа – Бороец – Јабланица се чисти со ангажирана машина од ДЗС.  Без напојување со електрична енергија се селата Радожда, Делогожда, Корошишта, Долно Татеши, Џепин, Мали Влај и Бороец, како и селата од Малесијата (Приосвјани, Збажди, Локов, Ржаново и Буринец). Се прават напори да се отстранат овие дефекти. Во општините Дебар и Центар Жупа сите патни правци се проодни за сообраќај. Електроснабдувањето е во прекин за сите населени места во Центар Жупа и за селата Џепиште, Отошани, Долно и Горно Косоврасти, Могорче, Осој и Гари. Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци до селата  Долно и Горно Ботуше, Заград, Волче и Сушица. ЕЛС прават напори да се исчистат и овие патни правци.

Во општина Кичево непроодни се патните правци за селата Јудово, Јаорец, Кладник,  Папрадишта и Бериково. Во општина Куманово патиштата кон селата Косматац, Мургаш, Колицко, Живиње, Брзак, Карабичане, Кутлибег, Сушево, Кшање, Габреш, Пезово и другите села се проодни за теренски возила и за лесни возила со зимска опрема. Во општина Липково  на патните правци Руница –Алешевце – Белановце – Гошинце и Лукаре – Пресница – Стрима – Извор и Злокуќане можно е движење со теренски возила, но во отежнати зимски услови. Во општина Крива Паланка, непрооден е патниот правец с. Дурачка река – с. Дренак. Во општина Ранковце регионалниот пат кон с.Герман е прооден до м.в.Орашац. Сообраќајот по локалните патни правци, во двете општини Крива Паланка и Ранковце се одвива отежнато во зимски услови. Во општина Кратово на регионалнот пат Кратово – с.Каврак е непрооден. Отсечени се селата Близанци, Луково, Куново, Мушково, Нежилово, Којково и на овој патен правец се работи на негово чистење. Во општина Новаци непрооден е регионалниот пат Р2338 од с.Рапеш – с.Градешница – с.Старавина кој е од трет приоритет за чистење. Исчистенот е до с. Рапеш, додека останатиот дел од патот е макадам. Од КЕЦ Битола известуваат дека без напојување со електрична енергија се селата Секирани, Драгожани, Лажец, Породин и Граешница и се работи на отстранување на дефектот. Во општините Прилеп и Долнени сите локални патни правци се проодни со користење на зимска опрема на возилата. Во општина Демир Хисар непрооден и не е чистен регионалниот патен правец врска Р-1305 за с. Големо Илино. Исто така непрооден и не е чистен регионалниот пат за с. Боишта. Регионалниот патен правец Демир Хисар – Прилеп не е чистен и е тешко прооден. Најавено е дека ќе се расчистуваат во текот на денешниот ден или за време на викендот. Непроодни се и патните правци кон селата Радово и Зашле и за истите ќе се ангажираат  дополнителни машини за чистење преку ДЗС. Сите дефекти во електричната мрежа се санирани и состојбата е редовна. Во општина Крушево сите локални патни правци се проодни за сите видови на возила во зимски услови. На кракот Норово – Селце упатена е механизација која го чисти. Во општина Ресен, сите патни правци се проодни со отежнато движење и во зимски услови. Без напојување со електрична енергија се жителите од селата Долно Дупени, Љубојно, Брајчино, Долна и Горна Бела Црква, Курбиново, Лавци, Грнчари, Перово, Езерани, Лева Река, Крушје, Лескоец и Коњско и граничните премини Стење и Маркова Нога. Во општина Маврово Ростуше, патниот правец кон с.Нистрово, кој беше непрооден, се очекува да биде целосно исчистен. За с.Горна Волковија чистењето е во тек и во текот на денешниот ден патниот правец ќе биде прооден. Патниот правец за с.Сенце што е непрооден ќе се чисти по завршувањето на чистењето на патот за с.Горна Волковија. 16 ( шестанесет) села во Долнореканскиот крај сеуште се без електрична енергија. Отежнато и во зимски услови, со зимска опрема се одвива движењето на патиштата кон селата во планинскиот дел и тоа кон Богомила, Папрадиште, Нежилово, Габровник, Оморани, Мокрени и Ореше, како и кон с. Ветерско. Во с. Ветерско немаат електрична енергија, но се работи на отстранување на дефектот. ЈП „Македонија пат“ известуваат дела сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нивните дежурни екипи. Заради ниските температури по осојничавите места е можна појава на голомразица. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар и Дебар – Струга. На патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража укината е забраната за тешки товарни возила. На патниот правец Охрид-Кичево преку планинскиот премин Пресека е укината забраната за сообраќај на автобуси. Исто така укината е и забраната за тешки товарни возила но задожителна е употреба на зимска опрема (ланци). На патниот правец Охрид-Ресен преку планинскиот премин Буково укината е забраната за тешки товарни возила, но задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).