Воспоставување систем за архивирање и управување со документи - 14. 2. 2012

     Во текот на 2008 година во Центарот за управување со кризи беше имплементиран систем за архивирање и управување со документи (Document Management System - DMS). Целта на овој проект беше воспоставување на современ систем за архивирање и управување со документи, кој ќе овозможува безбедно чување и селективен пристап до информациите содржани во документи во електронска форма, дигитални слики од пишани документи, како и различни типови на мултимедијални фајлови.

Центарот за управување со кризи во изминатиот период презеде сеопфатни активности за формирање на Национална мрежа на лаборатории, кои ќе овозможат медицинска, техничко-технолошка и конструктивно-градежна форензика, форензика на животна средина и форензика на телекомуникациски и информатички мрежи.

 

Зајакнување на капацитетот на СУК на регионално ниво - 14. 2. 2012

      На ден 02.12.2008 година во хотелот Континентал во Скопје во координација со УНДП се организираше работилница на тема: Зајакнување на капацитетот на системот за управување со кризи на регионално ниво. На истата учествуваа претставници од регионалните ЦУК и преставници од ЦУК, кои поделени во 4 работни групи ги обработуваа однапред определените теми.