Денескa се одржа заедничкиот штаб на ПО на Регионалниот центар за управување со кризи Свети Николе и на ПО на Дирекцијата за заштита и спасување Свети Николе, на кои беа разгледани точките за подготвеноста на субјектите во превенција и справување од опасностите од снежни наноси и поплави и за зимското одржување на патиштата за општините Свети Николе и Лозово. На состанокот се изврши меѓуинституционално запознавање со состојбите и надлежностите на дејствување со разменија на информации, а се утврдија и начини на заедничко дејствување со предлози при евентуални опасности кои престојат во овој зимски период.
Овластениот раководител на Регионалниот штаб за управување со кризи Свети Николе Ристе Панов, ги запозна членовите на штабот за насоките дадени од ЦУК за мерките и активностите кои треба да бидат превземени од страна на надлежните субјекти, како и за важноста на добивањето на информации на РЦУК и за работата на бројот 112. Од страна на присутните претставници на субјектите од системот за управување со кризи, се констатираше дека постои подготвеност за локално дејствување, во делот на оперативните планови со утврдени со приоритети за зимско одржување на патиштата и улиците, подготвеност со механизација, со набавка на сол и песок, пумпи и друга опрема за справување со опасностите во зимскиот период.
На состанокот присуствуваше Градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев кој истакна дека во текот на наредната година се планира набавка на нови противпожарни и теренски возила. Покрај градоначалникот, учество во штабот зедоа и претставници од ОВР Свети Николе, од АД „Водостопанство“ Свети Николе, ОО на Црвен крст Свети Николе, преставници од ЕЛС Свети Николе и Лозово, ЈКП „Комуналец“ Свети Николе, од ПШС Шумарство Свети Николе, командирот на ТППЕ Свети Николе, организаторите на заедничкиот штаб раководителите Ристе Панов на РШУК Свети Николе и Елизабета Јованчева од ПО на ДЗС Свети Николе, како и претставникот од РЦУК Свети Николе Ристе Андонов.