Раководителот на Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп  и Овластеното лице од Директорот на ДЗС  на регионалниот штаб за заштита и спасување – Прилеп во координација со општините Прилеп , Долнени и Кривогаштани  одржаа редовен превентивен работен координативен состанок со штабовите  и преставници од субјекти од системот за управување со кризи и за заштита и спасување надлежни  за преземање на мерки и активности во случај на зголемена опасност како и во кризна состојба

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Анализа на настанати ризици и опасности во изминатиот период со посебен осврт на причинетите штети од истите.
  • Разгледување – проценување на евентуални опасности кои би можеле да настанат во наредниот период, а кои што би можеле да гизагрозат добрата, здравјето и животот налуѓето и животните,а би биле предизвикани од елементарни и други непогоди, техничкотехнолошки катастрофи, епидемии на карантински и други заболувања кај луѓето и животните, како и деградација од поголем обем и уништување на животната средина, со посебен осврт на :

  а) заразни болести кај луѓето и животните.

 б)поплави предизвикани од поројни дождови проследени со луњи, снег и снежни наноси,екстремно ниски  температури – ладни бранови,  и др.опасности).

 

Состојба на припременост на надлежните субјекти и начин на нивно функционирае во евентуална опасност од сите погоре споменати ризици и опасности со посебен осврт на зимското одржување на патиштата.

 

Тек на состанокот:

            Во присуство на градоначалникот на општина Прилеп г-дин Борче Јовчески и сите други субјекти од СУК, а во координација со овластеното лице од Директорот на ДЗС, состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на  РШ Илко Петкоски.

            На почетокот од состанокот градоначалникот на општина Прилеп г-дин Борче Јовчески ги поздрави сите присутни и кажа дека е добро што состанокот е закажан рано и добро е што се присутни сите субјекти за навремено координирање за сите ризици и опасност што не очекуваат во наредниот период.

 

  1. По првата точка од дневниот ред се донесе заклучок дека ковидот е опасност која одзеде доста човечки животи, а исто така дека имаше поплава во Општина Долнени за што е изготвен елаборат од општината, оштетени биле 65 објекти и др.инфраструктура.Според командирот ТППЕ Прилеп е утврдено дека штети од пожари на отворен простор нема многу но има штети од пожари на објекти.
  2. По втората и третата точка од дневниот ред се водеше дискусија за сите можни ризици и опасности кои во наредниот зимски период се очекуваат на територијата која е во зоната на одговорност на ПО РЦУК - Прилеп и припременоста на надлежните субјекти и начинот на нивно дејствување во дадени ситуации при што  се донесе едногласна проценка од сите присутни дека можни ризици и опасности во наредниот период се: поројни дождови и излевање на водите од колекторскиот систем, ладен бран со екстремно ниски температури кој може да биде проследен со снежни врнежи и силен ветер, пожарите на објекти, здравствени ризици но не е исклучена можноста од пожарите како на отворен простор поради сувата вегетација , а исто така како опасност констатирано е дека е оштетувањето на инафраструктирата – патишта и мостови.
  • Раководителот ЈП - Водостопанство Прилепско поле Прилеп во својата дискусија кажа дека во текот на изминатиот период исчистиле 4300 м одводни канали на повеќе критични точки но дека во овој момент целата маханизација која ја поседуваат е во дефект и поради немање финансиските средства не се во можност да ја одржуваат (поправат) . Оперативен план за заштита од поплави имаат донесено но истиот не се во можност да го спроведуваат порадинемање финансиските средства. Исто така кажа дека во овој момент има 11 критични точки , а кои се однесуваатна испустите на речните корита.

Заклучок

Проблемите во Водостопанство на нивио на држава се во надлежност на МЗШВ и Владата.

Се укажува наинспекторатот за Земјоделие во координација со ПС Прилеп и локалнитесамоуправи, да врши редовна контрола на насипите покрај реките и одводните канали кој можат да бидат оштетени од нелегална експлоатација на песок и други активности

 

  • Директорот на ЈП Водовод и канилизација Прилеп кој е и одговорен за заштита од поплави во општина Прилеп истакна дека критични точки во општината се испустите на колекотрскиот систем кој се влева во градската река и наносите под мостовите на истата за што била направена програма за чистење на истата во наредниот период.
  • Преставникот на ЕЛС Долнени истакна дека критични точки има скоро во сите населени места во општината поради узурпирање на каналите и градење на објекти на истите, од некои биле и легализирани , а како најкритично е во с.Лажани каде во изминатиот период имаше поплави .
  • Преставникот на ЕЛС Кривогаштани истакна дека во нивната општина секогаш е критично во с.Врбјани поради самата местоположба на населеното место како и течението на Крушевска река и река Блато.

Заклучок

Се укажува на ЕЛС Прилеп , Долнени ,  Кривогаштани   да ги утврдат кои се критичните точки од поројни дождови  во наредниот период, како и на обврските кои ги имаат од Законот за водите (“Службен весникна Република Македонија”број 87/2008,6/2009, 161/2009, 83/10, 51/11 и 44/12 ,каде детално се објаснети  повеќе надлежности за нив како надлежни субјекти , а посебно  ги напомениме  обврските од Глава 2 ЗАШТИТА И ОДБРАНА ОД ПОПЛАВИ  член 126 точка 8, задолжение да изготват оперативни планови за заштита и одбрана од поплави и истите да ги достават до ДЗС и ЦУК  која обврска ја немаат завршено општините.

Заради превентивно делување се препорачува сите ЕЛС преку своите служби да извршат увид на каналите и речните корита во урбаните средини и населените места и да превземат мерки за одстранување на сите препреки (смет, талог, и др.) кои го попречуваат движењето на водата во случај на поројни дождови односно да обезбедат добра водопропусливост.

Се задолжуваат сите субјекти да достават список за сите ресурси( човечки и материјални) со кои располагаат а кои ќе се користат во случај на опасност од поплави.

Се укажува на Општините дека е препорачливо да објават тендери за употреба на градежна механизација во случај на поголеми опасности од поплави на истиот начин како што објавуваат тендери за зимско одржување на патишта.

  • Во ЕЛС Прилеп,  Долнени и Кривогаштани во тек е постапката на  донесеување на програми за зимското одржување на локалните патишта ,, а ланските програми  важат до крајот на календарската 2022 год. Општина Кривогаштани располага со своја механизација и не распишува повеќе  тендери.
  • Се укажува МЗШВ преку ЈП за пасишта во соработка со ЕЛС Прилеп, Долнени, Кривогаштани и другите надлежни институции да достави писмени известувања до сите сточари посебно во критичните населени  да си набават поголема количина на храна и др.намирници за себе и за добитокот.
  • Се укажува  Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Прилеп да достави писмен извештај до РЦУК-ПРИЛЕП за сите ранливи категории на население кои во дадена ситуација би можеле да бидат загрозени.
  •   се укажува на сите субјекти доколку немаат одредено лице за контакт со ЦУК да одредат, притоа  да ги дополнат правилниците за описот и пописот на работните места согласно член 9 од Законот за управување со кризи, истотака да предвидат финансиски средства во својот буџет согласно член 48 од ЗУК
  • ( Главен штаб )   до Агенција за државнои патишта

а) Да ја утврди носивоста на Расимбегов мост на Црна Река на регионалниот пат Прилеп – Витолиште кој е доста оштетен од преголемата тежина на камионите и градежната механизација кои поминуваат преку истиот а се во сопственост рудниците кои се лоцирани во Мариово.

б)да предвиди во  програмата за зимско одржување на регионалните патишта во зона на одговорност на РЦУК Прилеп која до овој момен не е донесена при  поголема механизација спрема претходните години ,  и да се набави специјализирано возило со погон на 4 тркала марка УНИ МАК, за чистење на снег, а Македонија да ја согледа состојбата со човечките ресурси (Возраст и бројност) во  пат подружница Прилеп.

Образложение

Оопштина Прилеп е најголема општина по територија, а ЈП Македонија пат подружница Прилеп ги има и општините Долнени и Кривогаштани, а со предвидената механизација во програмите од претходните години нема да биде во можност да ги исчисте предвидените магистрални и регионални патишта поради нивната специфичност (стрмнини, тесни мостови и др. ), локалнитепатишта со исти карактеристики не се во можност да ги исчистат и локалните самоуправи.