На ден 27.10.2022 година се одржа 49 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ  на седницата  присуствуваа претставници од ЈП Македонија пат секција Кичево , ЈП Комуналњец Кичево и   касарната Кичево.

На седницата се дискутираше за  подготвеност на субјектите на локално ниво за справување со Поплави, интензивни снежни врнежи, снежни наноси и лавини, како и за мерките и преземање мерки за справување во случај на појава на овие видови опасности.

Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска во своето излагање истакна дека подрачјето на општина Кичево нема голема опасност од поплави поради структурата на самата местоположба на градот Кичево. Истакна дека временските прилики досега се добри но наша обврска е да бидеме подготвени и да се преземат сите превентивни мерки.

ЈП Македонија пат секција Кичево почна со подготовки и спремнo ја дочекува оваа зимска сезона 2022/2023. Овие денови очекува  да бидат донесени Годишниот акционен план  и програма по која работат. Нивната секција е една од поголемите и опфаќа околу 125 километри патна мрежа. Пункот Пресека  е задолжен за превојот Пресека, на релација од село Другово до Арбиново, а пунктот Кичево е задолжен за патните правци Кичево-Тајмиште, Кичево-Мак.Брод и Кичево-Прострање. Чистењето на патиштата ќе се одвива согласно акциониот план за зимско одржување на регионални и локални патишта.

Oпштина Кичево извести дека советот на Општина Кичево во понеделник (31.10.2022) ќе ја гласа Програматата за зимско одржување на патиштата, а веќе во вторник (01.11.2022) година се отвораат понудите за избор на оператори за зимско одржување . Поучени од минатото кога територијат се делела на 3 дела оваа година територијата на општина  е поделена на пет дела: Осломеј, Зајас, градско подрачје, Другово и Вранештица. Средствата наменети за оваа намена се исти како ланската година и во самата програма има приоритетна листа за чистење на улиците од три категории. Очекува до 15 Ноември да се заврши целата ппостапка за избор на оператори за зимско одржување на патиштата.

.

 

                Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

1.        Надлежните институции да останат во постојана комуникација и координација

2.        Програмите за зимско одржување од ЈП Мак Пат и Општина Кичево да се достават до ПО РЦУК Кичево, а РЦУК Кичево во дигитална форма да ги достави до членовите на РШ.