На ден 06.10.2022 година, по повод денот на отпочнување со работа на ЦУК, успешно се спроведе уште една традиционална крводарителна акција  во организација на ПО РЦУК Кичево. По повод јубилејот 10 години крводарителна акција двајца вработени од ПО РЦУК Кичево по 10 пат даруваа крв.

Оваа акција се спроведува10-та година по ред во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево.. Ацијата се реализираше во просториите на Институтот за трансфузиона медицина Кичево.  Во крводарителната акција покрај вработени од РЦУК Кичево, се вклучија вработени од различни инстиуции и голем број хумани граѓани. Вкупно се собраа 33 единици крв од сите крвни групи со што акцијата беше успешна. Околу 10 граѓани кои сакаа да даруваат крв не беа во можност да ја искажат нивната хуманост поради различни здравствени причини.

Вработените од ПО РЦУК Кичево исто така активно учествуваа и во делот на приемот на дарителите и други активности како припомош на вработените во ИТМ Кичево.