Во Центарот за управување со кризи, се одржа колективна средба со вработените што скромно и работно, симболично се реализираше одбележување на денот (05.10.2005 година) кога пред 17 години Центарот за управување со кризи беше промовиран свечено во јавноста. На колективната средба во фоајето на Центарот, директорот Стојанче Ангелов и заменик директорот Екрем Зендели им се обратија на вработените, посочувајќи, покрај другото, на човечката димензија што треба да се неговува во работната средина и професионалноста при извршувањето на работните задачи. Инаку, во таа насока и претседателот на Синдикатот на вработените во ЦУК, Илија Бојаровски, зеде збор и го честиташе денот на сите вработени.