По повод Денот на отпочнување со работа на Центарот за управување со кризи (5 октомври, 2005 год.) ПО РЦУК Кичево традиционално организира еколошка акција во дворното место на објектот каде што се наоѓаат просториите на РЦУК Кичево.
Вработените од РЦУК Кичево спроведоа акција во која што се собра целиот отпад околу зградата. Материјалните средства за спроведување на акцијата ги обезбедија вработените. Исто така самите вработени се организираа да ги исчистат просториите во кои се сместени.
По завршување на акцијата, во просториите на РЦУК Кичево вработените организираа свечена прослава со скромен коктел.
Утре, 06 октомври, традиционално ќе се организира крводарителната акција по повод роденденот на ЦУК. Апелираме до сите хумани луѓе да ни се придружат во крводарителната акција која ќе се одржи во Институтот за трансфузиона медицина – Кичево.