Денеска, висока делегација на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) беше примена од г-дин Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), кој во името на Владата на Република Северна Македонија, изрази искрена благодарност за поддршката од Агенцијата на нашата земја, со којашто значително се зајакнуваат капацитетите на ЦУК и се придонесува за остварувањето на надлежностите поврзани со превенција и намалување на ризици од катастрофи во Републиката. На овој состанок беа присутни претставници на УНДП заради размена на искуства и разгледување на можности за соработка од меѓусебен интерес.
Конкретно, во рамките на долгогодишната соработка помеѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), на 15 и 16 септември 2022 година, во Република Северна Македонија претстојуваше висока делгација од главната дирекција на Јапонската агенција од Токио. Делегацијата беше предводена од г-дин Икеноуе Такахиро, директор на одделот за заштита на природа, г-дин Наката Хироши, виш советник на JICA, г-ѓа Курозуми Томојо од одделот за заштита на природа и г-ѓа Нагашима Маане од канцеларијата на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) за Балкан, од Белград. Во работниот дел за време на оваа посета учествуваа и краткорочните експерти на Еко-ДРР проектот од Јапонија, предводени од г-дин Морикава Јута, заменик главен технички советник на проектот.
Оваа посета имаше за цел да ја согледа имплементацијата на проектот за примена на Екосистемски мерки за намалување на ризици од катастрофи (Еко-ДРР), како и да ја провери можноста за соработка со други меѓународни организации кои учествуваат во проекти за намалување на ризици од катастрофи. За таа цел делегацијата на JICA оддржа и посебен состанок со постојаниот претставник на Програмата за равој на обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија.
За време на оваа посета беше организирана посета на локацијата на подрачјето на Радовиш, поточно горниот тек на Радовишка река, каде што беа спроведени практични Еко-ДРР мерки, со цел да се намали ризикот од поројни поплави во Радовиш и да се санира деградирано земјиште што е обезшумено и под високи ерозивни процеси.