Шумски пожар на м.в.Каменица во атарот на с.Будинарци, каде гори нискостеблеста дабова шума.
Поради големиот пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци, од страна на ЕЛС Берово поднесено е барање за воздушна подршка (хеликоптер).
Од 05:00 часот утрово, на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер како и екипи од ШС Малешево и ТППЕ Берово.
 
Пожарот во атарот на с.Разловци, м.в.Ќурчински колиби, на планината Средна, каде гори сува трева и дабова шума е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Опожарени се околу 50 хектари, а на терен е екипа на ШС Голак.