На иницијатива на РЦУК Кичево, а во соработка со ОВР Кичево, на ден 12.07.2022 година се одржа работен состанок во просториите на РЦУК Кичево со цел превенција и спречување пожари на отворен простор. Состанокот се организира врз основа на првиот заклучок од 48-та седница на РШ на РЦУК Кичево.
На состанокот присуствуваа претставници од ПО РЦУК Кичево, општина Кичево, ПО ДЗС Кичево, шумска полиција, ПШС Лопушник и ОВР Кичево.
Со состанокот раководеше раководителот на РЦУК Кичево кој истакна дека појавата на пожари на отворен простор преставува број еден ризик во нашата општина која сериозно ги загрозува животот и здравјето на граѓаните и го уништува шумското богатство, при што предизвикува големи финансиски загуби. Институциите да бидат подготвени, а соработката, информирањето и координацијата секогаш да бидат на високо ниво.
Вработените во РЦУК Кичево ја презентираа информацијата за случени пожари на подрачјето на општина Кичево, која беше изработена за потребите на Работната група на европскиот проект „Рано откривање пожари и опсег за превенција и управување со катастрофи“ на „ ИПА програма за прекугранична соработка“.
Претставникот од ПШС Лопушник информира дека се формирани 7 дежурни екипи со по 5 вработени и една екипа од 10 вработени кои се стручно обучени за гасење на пожар на отворено.
Претставникот од ОВР извести дека тие превземаат повеќе превентивни мерки меѓу кои се редовните патроли на најкритичните региони.
Врз основа на дискусиите се прифатија следните заклучоци:
-Да се формираат екипи од претставници од субјектите на СУК за посета на населените места каде најчесто се појавуваат пожари;
-Да се изготват флаери за подигање на свеста на населението за заштита на шумите од пожари и тие да се делат на месното население на најфрекфентните места
-Да се изготват метални табли со натпис „Забрана на палење на оган“ кои ќе се постават на критичните места во шумите; и
-Да се зголеми бројот на патроли од ОВР Кичево кои ќе патролираат во критичните места во периодот на зголемена опасност од пожари.