Од 22-24.06.2022 година во организација на ГИЗ проектот за адаптација на климатските промени и прекугранично управување со ризикот од поплави во Западен Балкан се одржува завршната активност- тренинг и вежба со цел подобрување на капацитетите на институциите за обезбедување нa ефикасно и навремено рано предупредување за ризикот од поплави.
Вежба за подобрување на капацитетите на институциите за обезбедување нa ефикасно и навремено рано предупредување за ризикот од поплави
Пилот областа е Општина Струга, која е најзасегнатата општина на Дримскиот слив во Републиката.
Целта на активноста е да се тестира процесот на предупредување од поплави и раното известување на засегнатото население во оваа пилот општина.
Во активноста активно учествуваат Центарот за управување со кризи Скопје, Регионалниот Центар за управување со кризи Струга, Дирекцијата за заштита и спасување Скопје и нивната подрачна единица во Струга, претставници од Општината Струга, УХМР, ЕЛЕМ и нивната подружница во Струга, АД Водостопанство и нивната подружница Охрид, претставници од Месни заедници и други засегнати учесници. Активностите на Центарот за управување со кризи е со учество на одговорните лица на двата оперативни сектори и повеќе претставници од тие сектори - Секторот за операции и координација и Секторот Е-112, како и повеќе вработени во Регионалниот центар за управување со кризи Струга.
- Детали
- Посети: 410