Денеска, 20.04.2022 година, во Центарот за управување со кризи (ЦУК), директорот Ангелов одржа работен состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје, Одделение за превенција.
На средбата директорот Ангелов ги запозна присутните и размени, мислења, искуства и перспективи за надлежностите и можностите на ЦУК на национално и на ниво на Плански регион (Скопски регион) во координација со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) при заеднички превентивни активности за намалување на ризиците од поплави, пожари и други природни непогоди во Скопскиот регион.
Со овој работен состананок се трасираат поголемите можности за соработка во рамки на координацијата и соработката со институциите во СУК.