Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денес учествуваше на координативен состанок со надлежните субјекти во врска со претстојната сезона на пожари на отворен простор во организација на Дирекцијата за заштита и спасување кој се одржа во Општина Берово.
На состанокот се дискутираше за моменталната состојба и подготвеноста на надлежните институции за претстојната сезона на пожари како и анализа на минатогодишните пожари на отворен простор.
Состанокот беше раководен од директорот на ДЗС, Беким Максути, а присуствуваа Градоначалниците на Општините Берово и Пехчево, преставници од Општините Делчево и Виница, ЈП „Национални шуми“ ППЕ Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Шумска и гранична полиција и преставници од ПСШ Малешево од Берово, Равна Река од Пехчево, Плачковица и Голак од Делчево.