Директорот на ЦУК - Стојанче Ангелов, одржa прес-конференција и се искачи до ризичните карпи на Матка високо над ѕидот на браната Матка
На ден 15 април на пешачката патека кај ѕидот на браната Матка, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, одржa прес-конференција на која ја извести јавноста за постоење на уште една голема нестабилна карпа високо над ѕидот на браната Матка како и за досега преземените мерки и активности за надминување на опасноста од двете нестабилни карпи. Истовремено информираше и за мерките кои ќе бидат преземени во следниот период.

Веднаш потоа се искачи до нестабилните карпи коишто се наоѓаат на висина од околу 100 метри над ѕидот на браната Матка за одблизу да ја погледа нивната моментална состојба.