Раководителот на РЦУК – Прилеп и на Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп Илко Петкоски со своите соработници, а во кординација со градоначалникот на Општина Прилеп Г-дин Борче Јовчески, на Општина Кривогаштани Никола Мискоски и на Општина Долнени Урим Ибески, одржа редовен работен координативен состанок со штабот и претставници на сите субјекти од системот за управување со кризи, (Директори и Раководители на подрачни единици) командири на ПС Прилеп, Гранична полиција, Шумска полиција, ТППЕ, надлежни за превземање мерки и активности за превенција и рано предупредување во случај на кризна состојба.
За состанокот беше предложен следниот дневен ред:
Запознавање на присутните со заклучоците донесени од страна на Управувачки комитетет на седницата одржана на 31.03.2022 год.
Разгледување – проценување на евентуални ризици и опасности кои би можеле да настанат во наредниот период, а коиможат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните кои би биле предизвикани од елементарни и други непогоди со посебен акцент на (пожарите на отворен простор , поројни дождови) како и техничко - технолошки катастрофи, епидемии на карантински и други заболувања кај луѓето и животните и деградација од поголем обем и уништување на животната средина.
Состојба на припременост на надлежните субјекти и начин на нивно функционирање во евентуална опасност од сите погоре споменати ризици и опасности, со посебно внимание на плановите за заштита и спасување.
Состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на РШ Илко Петкоски.
- По првата точка од дневниот ред раководителот на ПО РЦУК Прилеп сите присутни ги запозна со Заклучоците од Управувачки комитет и задолженијата кои ги имаат сите субјекти од СУК по истите при што беше констатирано дека подрачните преставници не се запознаени со истите од страна на своите претпоставени кои биле присутни на управувачки комитет.
Преставникот на ДЗС ги прочита сите законски обврски на сите субјекти од СУК за заштита и спасување и истите ги образложи.
- По втотората точка од дневниот ред е проценето дека како најзастапени ризици и опасности во наредниот период се пожарите на отворен простор и поројните дождови
- По третата точка од дневниот ред е констатирана следната состојба:
Во општините Прилеп , Долнени и Кривогаштани во тек е постапката на ажурирање на оперативните планови за заштита и спасување и пополнување на единиците со човечки ресурси.
- На крајот од состанокот се донесоа заклучоци кои се координирани со заклучоците од седницата на Управувачкиот комитет а се однесуваат на подрачните единици во Општина Прилеп.
Заклучоци
- Сите институции од системот за управување со кризи да одредат лица кои ќе бидат одговорни за контакт со ЦУК – РЦУК – Прилеп при даден настан (пожар на отворен простор или друга опасност).
- МЗШВ – ПО Прилеп во соработка со ЈП Национални Шуми „Црн Бор“ Прилеп, доколку има потреба да предложат ограничување на движење на сите лица во шумите и шумскиот појас.
- МЗШВ ПО – Прилеп и ЈП за пасишта одделение - Прилеп да ја информираат соодветно јавноста за забрана за палење на стрништа и ливади, како превентивна мерка за заштита од пожарите на отворен простор од кои може да настане шумски пожар, при што посебно да се потенцираат казните за вакви неовластени дејствија, а инспекторатот за земјоделие да врши контрола на терен дали се спроведува оваа мерка.
- Државниот инспекторат за ловство и ЈП за пасишта да ги известат концесионерите на ловишта и пасишта дека е потребно и нивно вклучување во превенцијата и справувањето со пожарите.
- ЈП Национални Шуми доследно да ги спроведува оперативните планови за заштита од шумски пожари.
- МВР Граничната полиција – Прилеп и Шумската полиција – Прилеп да го зголемат своето присуство на теренот и да вршат легитимирање на сите лица во шумските предели во предстојниот период.
- Општините да ги ажурираат податоците за ресурсите од Јавните претпријатија, ТППЕ и Трговските друштва кои можат да се стават на располагање во случај на потреба и да ги достават до РЦУК – Прилеп до крајот на месец Април.
- Се укажува на ЈП национални шуми иОпштините дека после исцрпување на локалните ресурси може да побараат помош од ресурсите на национално ниво и Републичките сили за заштита и спасување.
- Се препорачува на Општините согласно позитивните законски прописи да одредат дежурни екипи, било тоа да е од Јавните претпријатија или да ангажираат сезонски пожарникари преку ТППЕ единиците во предстојниот период.
- Се препорачува на Општините да ги ажурираат општинските штабови и единиците за заштита и спасување.
- МЕПСО и ЕВН Македонија да организираат чистење од вегетација вдолж електричните водови како и одржување на мрежната инфраструктура.
- Се известуваат сите учесници во СУК како и пошироката јавност дака за пријавувањена сите опасности и ризици на располагање го имаат бесплатниот телефонски број 112 кој работи 24 часа и е во функција на територијата на целата држава.