Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, одржа прв работен состанок со високи претставници на американската невладината организација „Проџект Хоуп“ (Project HOPE) за идна соработка и поддршка на ЦУК и СУК во нашата држава. Конкретно, ова е прва средба во ЦУК со: Том Котер, директор за одговор во итни случаи и подготвеност за справување со кризи, Емилија Дуковска, менаџер за развој и со Влатко Ужевски, регионален менаџер на „Проџект Хоуп“.
 

Директорот Стојанче Ангелов ги запозна присутните со капацитетите и можностите на Центарот за управување со кризи и Системот за управување со кризи (СУК), при што беа разгледани можностите за идна соработка и поддршка на ЦУК и СУК во нашата државата од страна на оваа американска организација во областа на кризниот менаџмент и подготвеност за справување со кризни ситуации.