Денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедо со раководителката на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми и колеги од ЦУК, присуствуваа на настанот организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за економија, во соработка со Елем Турс „Шарска белина- Шарска убавина“ во ски-центарот Попова Шапка.
Со настанот се означи почетокот на скијачката сезона, што за прв пат ќе се отвори во новиот Национален парк Шар Планина. По тој повод беше промовиран Планот за управување со националниот парк Шар Планина што е во финална фаза на изработка и за кој што допрва ќе следуваат консултации со јавноста, како и оставарувањата и плановите за развој на инфраструктурата во овој туристички центар.
Притоа Ангелов оствари средба со промоторите на проектот, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димовски, директорот на Елем Турс, Адем Авзиу, директорот на НП Шар Планина, Ибрахим Дехари и промоторот на Планот за управување, Даниел Богнер.