11.12.2021 – ХИДРОЛОШКА ИНФОРМАЦИЈА: Под влијание на влажен бран, во текот на денешниот ден целата територија на земјава ќе биде зафатена од врнежи кои според прогнозите пообилни ќе бидат во крајните источни и западни делови, а на високите планини ќе бидат во вид на снег. Се очекува зголемување на водостоите на сите реки низ земјава а посебно на оние во крајните западни и источни делови. Во источните делови на земјата можни се локални излевања во сливот на р.Струмица, помалите реки и суводолиците во Гевгелиско-Валандовската котлина, во горниот дел од сливот на р.Брегалница како и во сливот на р.Крива и р.Пчиња. Во западните делови локални излевања се можни во сливот на р.Сатеска, р.Коселска, во Охридско-Струшкиот регион, во сливот на р.Радика, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Црна. Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ земјава во текот на денешниот ден.