Денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов оствари средба со претставници на ОБСЕ - Организација за безбедност и соработка во Европа - Мисија во Скопје, на која се разговараше за номинирање претставници од ЦУК за спроведувањето на проектната активност „Справување со сериозни инциденти, четврта фаза – Регионални работилници“ која ја организира ОБСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи – Единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет.


Работилниците ќе се спроведуваат во Битола и Скопје во периодот од 29 ноември до 4 декември, а целна група на двете работилници, поделени по региони, ќе бидат полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Битола, Струмица, Скопје и Куманово, како и лица од Регионалните центри за управување со кризи, ДЗС, Противпожарната бригада и итната медицинска помош на наведените региони.