Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со високи претставница на Агенцијата за меѓународна соработка ЈИЦА (ЈICA) од земјава и од странство, од кои дел присутни и во просторииите на ЦУК, а дел присутни преку комбинирана видеоконференциска врска, го реализираше Петтиот координативен состанок за проекти од кризниот менаџмент. Практично, ова е состанок со којшто се прават чекори и за реализирање на слични јапонски проекти преку ЦУК за намалување и спречување катастрофи и во другите земји на Балканот.
Покрај директорот на ЦУК, како претседавач на Заедничкото координативно тело на проектот ((JCC), на работниот состанок учествуваа утврдени претставници од слeдните институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавно претпријатие „Национални шуми“, Секретаријат за Европски прашања, ЈИЦА - Канцеларија за Балканот од Белград и канцеларијата во Скопје, Амбасадата на Јапонија во Скопје, експерти на Еко-ДРР проектот (Еко базирани решенија за намалување на катастрофи), а и други учесници, во зависност од тековните проектни активности.
Директорот Ангелов се заблагодари на помошта и поддршката на Јапонската агенција на ЦУК и на ЦУК, а со тоа и на нашата држава во областа на кризниот менаџмент, а потоа беа разгледани досегашните проекти за превенција и справување со катастрофи, потоа фазите на сегашниот Еко-ДРР проект - Еко базирани решенија за намалување на катастрофи.
Заменикот на постојаниот претставник на ЈИЦА на Балканот со седиште во Белград, г-дин Фукудо Хаџиме, изрази благодароност за долгорочната соработка со ЦУК, а и за одличните резултати што се препознаваат во Регионот. Како резултат на тоа ЈИЦА преку ЦУК ја (како преку лидер во регионот за вакви проекти) ја пренесува програмата за соработка и реализирање проекти од кризниот менаџмент на земјите од Балканот.
На крај беа разгледани и утврдени идните чекори за соработка што ќе имплицира стратешко дејствување во делот на менаџирање со кризи, особено за превенција за можно спречување големи природни непогоди. Ангелов нагласи дека стратешкото кризно превентивно менаџирање преку реализирање проекти со Јапонската агенција, значи и остварување на чекори што реално ги правиме и на терен и коишто се очигледни, на пример, во Радовишко, а коишто значат и вклучување на нашата држава во борбата против климатските промени.
Во блиска иднина, Македонија ќе биде домаќин на претставници од Црна Гора и од Косово за соработка и реализација на слични проекти од кризниот менаџмент. Со тоа ќе започне практичната соработка со овие две балкански земји, а во текот на наредната 2022 година се очекува вклучување и на другите земји од Балканот во вакви проекти од кризниот менаџмент во соработка со ЦУК и ЈИЦА.