На ден 09.11.2021 година се одржа 47 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ на седницата присуствуваа претставници од ЈП Комуналец Кичево, ЈП Македонија пат секција Кичево и касарната Кичево .
На седницата се дискутираше за подготвеност на субјектите на локално ниво за справување со поплавите и нтензивни снежни врнежи и снежни наноси.
Раководителот на РЦУК Кичево во своето излагање истакна дека временските прилики досега се добри но минатото не има научено дека треба да бидеме подготвени и да се превземат сите превентивни мерки. Заради тоа во наредниот период ќе биде потребно комуникацијата на надлежните раководители да се подигне на повисоко ниво.
Раководителот на ЈП Македонија пат секција Кичево извести дека е донесен годишниот акционен план за зимско одржување на државните патишта за 2021/2022 година и дека имаат доволни количини абразивен материјал за претстојната сезона. Чистењето ќе се одвива според приоритет, при што највисок приоритет има патниот правец Скопје- Кичево – Охрид.
Претставникот од општина Кичево истакна дека Советот на Општина Кичево ја има донесено Програмата за зимско одржување на патиштата и улиците на подрачјето на општината.
Од ЈП Комуналец известија дека во тек е проверка на локалната канализациона мрежа. За наредниот период имаат доволно опрема вклучувајќи и 5 машини за чистење на снег.
Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:
1. Надлежните институции да останат во постојана комуникација и координација
2. Програмите за зимско одржување од ЈП Мак Пат и Општина Кичево да се достават до ПО РЦУК Кичево, а РЦУК Кичево во дигитална форма да ги достави до членовите на РШ.