Град Скопје го координираше додефинирањето на одредени работи и детали за реализација на имплементација на Единствениот европски број за итни ситуација 112, што произлегуваат од соработката во поглед на справување со пожари и слични закани од областа на кризниот менаџмент.

 

На работниот состанок беа елаборирани решенијата и солуции во областа на комуникациите, оперативните стандардни процедури, а и правилниците во тој поглед, како и персонални работи што треба да се доконкретизираат до целосната имплементација на Е- 112.

 Планирано е да се заврши инплементација до 11 февруари 2022 кога е и Ден на Единствениот европски повикувачки број за итни случаи 112.