Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши увид на целосно реновираните простории на Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК) Штип и оперативниот центар 112, кои се веќе подготвени за прием на новата опрема за Единствениот повикувачки европски број 112 за итни ситуации.
 

Притоа, тој се сретна со вработените во регионалниот центар, со имплементаторите и изведувачите на Проектот и заедно со нив директно се запозна со функционалноста и адаптациите предвидени за работа на РЦУК Штип со новата поставеност и определба за имплементација на Проектот 112 во државата.