На ден 07.10.2021 година, по повод 5 Октомври, денот на отпочнување со работа на ЦУК, успешно се спроведе уште една традициолна крводарителна акција во организација на ПО РЦУК Кичево
.
Оваа акција се спроведува 9-та година по ред во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево.. Ацијата се реализираше во просториите на Институтот за трансфузиона медицина Кичево. Во крводарителната акција покрај вработени од РЦУК Кичево, се вклучија вработени во различни инстиуции, студенти и голем број хумани граѓани. На повеќе дарители на крв не им беше дозволено да даруваат крв поради недоволен период поминат од ревакцинијата за КОВИД-19. Вкупно се собраа 23 единици крв од сите крвни групи со што акцијата беше успешна. Вработените од ПО РЦУК Кичево активно учествуваа и во делот на приемот на дарителите. При самата акција посебен акцент беше ставен на доследно почитување на мерките за заштита.