По повод Денот на отпочнување со работа  на Центарот за управување со кризи (5 октомври, 2005 год.) ПО РЦУК Кичево спроведе еколошка акција во дворното место на објектот каде што се наоѓаат просториите на РЦУК Кичево.

          Оваа зграда е една од ретките која што е обиколена со зеленило и со многу малку други објекти во близина. За жал, поради голема количина на отпад, дворот наликуваше на депонија. Поради тоа, вработените од РЦУК Кичево спроведоа акција  во која што се собра целиот отпад околу зградата, и во соработка со ЈП Комуналец Кичево собраниот отпад е пренесен на градската депонија, додека контејнерот се премести на посоодветна локација. Материјалните средства за спроведување на акцијата (вреќи за ѓубре, гребла, лопати и сл.) ги обезбедија самите вработени.

          По завршување на акцијата, во просториите на РЦУК Кичево вработените организираа скромна прослава  со почитување на мерките за заштита.

          Во наредните денови традиционално ќе се организира крводарителната акција по повод роденденот на ЦУК.