Врз основа на досегашната повеќегодишна соработка се разговараше за проширување на соработката и можностите за поддршка во реформите на Системот за управување со кризи на стратегиско и тактичко ниво, со особен акцент на обуката. Центарот за управување со кризи е во процес на воспоставување Центар за обука, се разговараше за размена на искуства и поддршка во развој на програми за обука и инструктори.