Пожарот кај с.Раовиќ и с. Буковиќ, во општина Сарај е се уште активен на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума. На терен во моментов се екипи од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен".
Исто така и Пожарот во атарот на с. Ракле-Никодин-Топлица, во општина Прилеп е активен, но со со слаб инетнзитет, се приметува само чадење (без пламен) во високиот непристапен дел, и нема опасност од проширување, бидејќи е каменит дел и неквалитена шума, смрека и трева. На терен интервенираат ШС Црн Бор од Прилеп и екипа на ТППЕ Прилеп.
Пожарот кој е лоциран на месноста викана Рада, над с. Патишка Река во општина Сопиште е локализиран. Интервенираат лица од ловиште Јасен.
Пожарот на планината Готен кај с.Нивичино, место викано Калинско е локализиран од страната на Струмичкиот дел. Се прават пресеки и расчистување на лиснаста маса , а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. На терен се екипи на ТППЕ Струмица, МВР-СВР Струмица, лица од општина Василево и од МЗШВ, ДЗС и лица од ШС Беласица.
Од страна на беровскиот дел, пожарот е под контрола и во моментот не постои опасност од проширување. Гори само во внатрешноста веќе опожарената дрвена маса. Интервенираат лица на ШС Малешево од Берово и ШС Равна река од Пехчево.