Пожарот кај с.Раовиќ, во општина Сарај е се уште активен на недостапен  терен кон сртот на планината Осој. Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови поради ветерот се разгори и се пренасочи во правец кон Матка. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума.

Пожарот  кој е лоциран на месноста викана Рада, над с. Патишка Река во општина Сопиште е активен. Во текот на ноќните часови  жители од с. Соње ни дојавија дека сеуште гори, но со намален интензитет и нема опасност од проширување или загрозување на села и било какви објекти.  Утрово на ова место се упатени екипи на НП Јасен.

Исто така и Пожарот во атарот на с. Ракле-Никодин-Топлица, во општина Прилеп е  со слаб инетнзитет, се приметува  само чадење (без пламен) во високиот непристапен дел, и нема опасност од проширување, бидејќи е каменит дел и неквалитена шума, смрека и трева. На терен е испратена екипа од од ЈП Национални Шуми – Прилеп за  контрола на пожарот.

Пожарот на планината Готен кај с.Нивичино,  место викано  Калинско е локализиран од страната на Струмичкиот дел.  Се прават пресеки и расчистување на лиснаста маса , а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. Од страна на беровскиот дел сеуште има чадење и во моментот не постои опасност од проширување. На терен се екипи на ТППЕ Струмица, МВР-СВР-Струмица, ЕЛС Василево, МЗШВ Струмица, ДЗС и ШС Беласица.