Пожарот кај с.Раовиќ, општина Сарај е сеуште активен. Утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, a исто така чадење се гледа но со помал интензитет кај Осој на линијата помеѓу селата Буковиќ – Чајлане. Во текот на вчерашниот ден на негово гаснење се интервенираше и од воздух со два армиски хеликоптери. Пожарот во атарот на селата Ракле-Никодин и Топлица кој е на непристапен терен утрово е со многу слаб интензитет. Се работи за приземен пожар, каде гори лисната постилка и сува трева. Засега нема опасност од проширување на пожарот или загрозување на населени места и други објекти. Рано утрово на терен е испратена екипа од ЈП Национални Шуми – Прилеп за да се увиди каква е точно состојбата со пожарот. Започнат е нов пожар над изгаснатиот пожар кај с.Нивичино, струмичко. Пожарот е на непристапен терен, а од рано утрово на терен се излезени пожарникари и лица од ШС Беласица. Пожарот во атарот на с. Барово кај Демир Капија веќе е целосно изгаснат.