Дел од пожарот кај с.Раовиќ, општина Сарај е локализиран, но на потегот с.Буковиќ, с. Чајлање кон Матка се уште е активен. Денес, во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе од воздухопловниот ВИНГ со еден македонски армиски хеликоптер и еден хеликоптер на Република Црна Гора. Пожарот во атарот на Ракле-Никодин-Топлица, во општина Прилеп е активен но со слаб инетнзитет, на непристапен терен. Станува збор за приземјен пожар каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, но опасност за проширување пожар до овој момент, не постои. На овој пожар во моментов се интервенира од страна на ЕЛС Прилеп , ДЗС и од МВР Прилеп и Битола. Пожарот над с.Безгаштево, помеѓу Берово и Струмица, накај с.Нивичино, над брана Турија е реактивиран, за кој ќе се преземаат активности утре во раните утрински часови бидејки се работи за тешко пристапен терен каде е потребно повеке од три часа за да се стигне до самото место. Пожарот во атарот на с. Барово, Демир Капија е ставен под контрола и во внатрешноста на опожареното подрачје сеуште постојат поедини места каде се забележува чадење. Во однос на причините за избувнување на пожарите низ Македонија во најголем дел од случаите се работи за човечки фактор, ненамерно или намерно потпалување. Со цел превенција, откривање на сторителите и спречување на подметнување на пожари на отворен простор, МВР засилено настапува на терен и има ангажирано преку 600 полициски службеници. Исто така, досега во гаснењето на пожарите учествуваа полициски службеници од специјалните единици а беше ангажиран и хеликоптер на МВР.