Утрово по интервенцијата на двата армиски хелихоптери, пожарот кај с.Раовиќ во општина Сарај беше локализиран, но некаде околу 15 часот, истиот повторно се активираше на три места за што веднаш се запознаени БППЗ на Град Скопје.
Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во општина Демир Капија е сеуште активен и се прошири кон висорамнината Витачево, кон с.Страгово во општина Кавадарци.
Известени сме дека на рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт од околу 4 км и Висорамнината Витачево засега е безбедна.
Пожарот е навлезен во шума во близина на с.Барово, м.в.Балдовец каде теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување и гаснење на истиот, за што се бара и интервенција од воздух.
Интервенираат
ТППЕ Кавадарци со 6 пожарникари и 1 пп возила и теренско возило,
ШС Бор Кавадарци со 7 вработени со цистерна и теренско возило;
ТППЕ Неготино со 6 пожарникари и 6 волонтери со цистерна и 2 теренски возила;
ШС Демир Капија со 15 вработени со 2 теренски возила;
16 доброволци од Неготино со 2 трактора и 2 цистерни.
Од околу 14:00 часот нов пожар е забележан во атарите на селата Грумази и Ивени, општина Новаци, каде гори сува трева и нискостеблеста шума. Постои опасност да биде зафатена и високостеблеста букова шума.
Интервенираат:
ТППЕ Битола со 3 пожарникари и 1 ПП возило;
ШС Кајмакчалан Битола со 4 вработени
Запалена депонија во Радовиш и на истата се интервенира
Интервенираат:
ТППЕ Радовиш со 2 пожарникари и 1 ПП возило;
ЈП Плаваја Радовиш со неколку вработени.
Од утрово пожар е забележан и над с.Црвена Вода кон Планинарскиот дом Китка, каде гори букова, дабова и мешана шума на неопределена површина.
Интервенираат од ШС Караџица и истиот во моментов е под контрола и не се шири.