Пожарот кој започна на 02.08.2021 година на м.в.Бeјаз Тепе е локализиран. На терен се 100 припадници на АРСМ, Екипа од Бугарија со 5 ПП возила и 37 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 4 теренски возила со цистерни и 6 теренски возила за превоз и 45 вработени, ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 5 вработени, РЦУК Берово 2 вработени, 40 луѓе од месното население.На терен е и екипата од Словенија, како и екипата од Австрија.Пожарот во атарот на с.Будинарци е ставен под контрола и е локализиран.Екипите работат на негово расчистување.
Пожарот кај Раовиќ – Буковиќ каде на неутврдена површина гори мешана шума, во текот на вчерашниот ден врз пожарот е дејствувано воздушно ( авионски ) во 3-4 наврати, Исто така од земја е интервенирано со 20 - тина војници на АРСМ и 20 – тина припадници на ДЗС. возила.
Од Ловиштето Јасен бевме известуваат дека пожарот од Раовиќ се префрлил на територијата на Ловиштето Јасен
На дежурство во селото Раовиќ биле испретени 2 ПП возила со 5 пожарникари.
Истата екипа кракот од пожарот кој се спуштал кон селото во 02:00 часот го угаснала.
Другите краци на пожарот се уште горат.
На пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, од земја е дејствувано со 10 вработени и од страна на БППЗ со една екипа 1 ПП возило и 4 пожарникари и 20 припадници на АРСМ. Фронтот на пожарот е насочен кон с. Средно Коњаре . Интензитетот на горење моментално е намален но состојбата може наеднаш да се промени.
Пожарот во атарот на селата Топлица,Ракле и Никодин е сеуште активен во делот од Топлица према село Крстец во тешко пристапен терен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале 6 работници од ЈП Национални Шуми - „Црн Бор“ - Прилеп. Во текот на денот немало поддршка за гасење со воздухоплови. ТППЕ - Прилеп не извести дека не испратиле екипа на овој пожар во текот на денот. За состојбата со пожарот од страна на РЦУК - Прилеп известени се ЕЛС - Прилеп, ДЗС - Прилеп, МВР - ПС Прилеп.