Информации за пожарите на дневна основа 3.09.2021 до 8:00 часот
Пожарот на Галичица е се уште активен. Во текот на вчерашниот ден екипи на НП Галичица и Планинската спасителна служба – Охрид (вкупно 15 лица) со прирачен алат вршеле контрола и гасење на пожарот. Пожарот се шири во правец север северо-запад и е на околу 1,5 км одалечен од шумата. Дополнителен проблем претставува тоа што поради високите температури започнал да гори кореновиот систем на опожарената трева под земјата што го отежнува гаснењето, односно на деловите каде пожарот бил изгаснат по извесен период истиот повторно се појавува.
Поради непристапноста на теренот и опасноста од експлозии од остатоци од Првата светска војна, а согласно насоките на ГШ на ЦУК до општините Охрид и Ресен во соработка со НП Галичица да ангажираат сили, со претходно направена оперативна проценка од страна на НП Галичица и другите субјекти (ТППЕ, МВР, ЦУК, ДЗС и други) за постапување во случај на проширување на пожарот, од раните утрински часови вработени од НП Галичица се упатени во близина на местото на пожарот заради следење на ситуацијата.

Информации за пожарите на дневна основа 20.08.2021 до 8:00 часот

Пожарот кај с.Раовиќ и Буковиќ е се уште активен на недостапен  терен кон сртот на планината Осој. Во текот на утринските часови не се гледа чад  ни оган на кракот кон селото Раовиќ кај антената на Т – мобиле. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шумa. Поради конфигурацијата на теренот нема екипи на БППЗ ШС Караџица, ШС Јасен како и од ДЗС и АРСМ

Пожарот во атарот на селата Ракле-Никодин-Топлица е се уште активен, во утринските часови не се  гледа чад и нема опасност од проширување. На терен моментално нема екипа.

Пожарот на планината Готен кај с.Нивичино  место викано Калинско е повторно активн.  На терен се вработени од ПШС Беласица

Пожарот во месноста Готен во општина Берово е активен. Во моментот на терен се екипи од ШС Малешево Берово, ШС Равна, ТППЕ Беерово, вработени од ДЗС и ЦУК и  месно население од с.Владимирово.

Пожарот во с.Куново се уште е активен, догорува  шумска постелка и суви корени . Во текот на ноќта во гаснењето учествувале од ТППЕ Кратово,  ШС-Кратово  и луѓе од месно население. На терен дежура екипа на Шумско стопанство Кратово.

 

Информации за пожарите на дневна основа 19.08.2021 до 16:00 часот

Пожарот кај с.Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај е се уште активен на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Во текот на денешниот ден повторно бил разгорен и кракот кон кај антената на Т – мобиле. Гори нискостеблеста мешана и деградирана шума, а на пожарот интервенираа и два хеликоптери од АРСМ

Пожарот во атарот на селата Ракле-Никодин-Топлица е се уште активен. Пожарот и на горниот и долниот дел е згаснат, но има слабо чадење. До овој момент нема опасност од проширување. На терен се вработени од ШС„Црн Бор“Прилеп

Пожарот на планината Готен кај с.Нивичино место викано Калинско од страната на Струмичкиот дел е локализиран и нема активно горење. На терен се ПШС Беласица

Пожарот од страна на беровскиот дел е целосно локализиран. Еден крак од пожарот се активираше после 10,00 часот и во моментот на терен се вработени од ШС Малешево од Берово.

Пожарот во атарот на селата с.Отолница е локализиран. Во пожарот била зафатена плевна На терен учествувале ТППЕ Ранковце и месно население.

Пожарот во с.Куново е ограничен и ставен под контрола, На терен се ТППЕ Кратово и вработени од Шумско стопанство Кратово.

Пожар во близина на с.Согле м.в. Гулевска населба., пожарот е ставен под контрола. На терен се екипа на ШС Бабуна и месно население

 

Информации за пожарите на дневна основа 18.08.2021 до 17:00 часот
Пожарот кај с.Раовиќ и с. Буковиќ, во општина Сарај е се уште активен на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума. На терен во моментов се екипи од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен".
Исто така и Пожарот во атарот на с. Ракле-Никодин-Топлица, во општина Прилеп е активен, но со со слаб инетнзитет, се приметува само чадење (без пламен) во високиот непристапен дел, и нема опасност од проширување, бидејќи е каменит дел и неквалитена шума, смрека и трева. На терен интервенираат ШС Црн Бор од Прилеп и екипа на ТППЕ Прилеп.
Пожарот кој е лоциран на месноста викана Рада, над с. Патишка Река во општина Сопиште е локализиран. Интервенираат лица од ловиште Јасен.
Пожарот на планината Готен кај с.Нивичино, место викано Калинско е локализиран од страната на Струмичкиот дел. Се прават пресеки и расчистување на лиснаста маса , а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. На терен се екипи на ТППЕ Струмица, МВР-СВР Струмица, лица од општина Василево и од МЗШВ, ДЗС и лица од ШС Беласица.
Од страна на беровскиот дел, пожарот е под контрола и во моментот не постои опасност од проширување. Гори само во внатрешноста веќе опожарената дрвена маса. Интервенираат лица на ШС Малешево од Берово и ШС Равна река од Пехчево.

Информации за пожарите на дневна основа 18.08.2021 до 10:00 часот

Пожарот кај с.Раовиќ, во општина Сарај е се уште активен на недостапен  терен кон сртот на планината Осој. Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови поради ветерот се разгори и се пренасочи во правец кон Матка. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума.

Пожарот  кој е лоциран на месноста викана Рада, над с. Патишка Река во општина Сопиште е активен. Во текот на ноќните часови  жители од с. Соње ни дојавија дека сеуште гори, но со намален интензитет и нема опасност од проширување или загрозување на села и било какви објекти.  Утрово на ова место се упатени екипи на НП Јасен.

Исто така и Пожарот во атарот на с. Ракле-Никодин-Топлица, во општина Прилеп е  со слаб инетнзитет, се приметува  само чадење (без пламен) во високиот непристапен дел, и нема опасност од проширување, бидејќи е каменит дел и неквалитена шума, смрека и трева. На терен е испратена екипа од од ЈП Национални Шуми – Прилеп за  контрола на пожарот.

Пожарот на планината Готен кај с.Нивичино,  место викано  Калинско е локализиран од страната на Струмичкиот дел.  Се прават пресеки и расчистување на лиснаста маса , а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. Од страна на беровскиот дел сеуште има чадење и во моментот не постои опасност од проширување. На терен се екипи на ТППЕ Струмица, МВР-СВР-Струмица, ЕЛС Василево, МЗШВ Струмица, ДЗС и ШС Беласица.

Информации за пожарите на дневна основа 17.08.2021 до 10:00 часот

Пожарот кај с.Раовиќ, општина Сарај е сеуште активен. Утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, a исто така чадење се гледа но со помал интензитет кај Осој на линијата помеѓу селата Буковиќ – Чајлане. Во текот на вчерашниот ден на негово гаснење се интервенираше и од воздух со два армиски хеликоптери. Пожарот во атарот на селата Ракле-Никодин и Топлица кој е на непристапен терен утрово е со многу слаб интензитет. Се работи за приземен пожар, каде гори лисната постилка и сува трева. Засега нема опасност од проширување на пожарот или загрозување на населени места и други објекти. Рано утрово на терен е испратена екипа од ЈП Национални Шуми – Прилеп за да се увиди каква е точно состојбата со пожарот. Започнат е нов пожар над изгаснатиот пожар кај с.Нивичино, струмичко. Пожарот е на непристапен терен, а од рано утрово на терен се излезени пожарникари и лица од ШС Беласица. Пожарот во атарот на с. Барово кај Демир Капија веќе е целосно изгаснат.

Информации за пожарите на дневна основа 16.08.2021 до 17:00 часот

Дел од пожарот кај с.Раовиќ, општина Сарај е локализиран, но на потегот с.Буковиќ, с. Чајлање кон Матка се уште е активен. Денес, во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе од воздухопловниот ВИНГ со еден македонски армиски хеликоптер и еден хеликоптер на Република Црна Гора. Пожарот во атарот на Ракле-Никодин-Топлица, во општина Прилеп е активен но со слаб инетнзитет, на непристапен терен. Станува збор за приземјен пожар каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, но опасност за проширување пожар до овој момент, не постои. На овој пожар во моментов се интервенира од страна на ЕЛС Прилеп , ДЗС и од МВР Прилеп и Битола. Пожарот над с.Безгаштево, помеѓу Берово и Струмица, накај с.Нивичино, над брана Турија е реактивиран, за кој ќе се преземаат активности утре во раните утрински часови бидејки се работи за тешко пристапен терен каде е потребно повеке од три часа за да се стигне до самото место. Пожарот во атарот на с. Барово, Демир Капија е ставен под контрола и во внатрешноста на опожареното подрачје сеуште постојат поедини места каде се забележува чадење. Во однос на причините за избувнување на пожарите низ Македонија во најголем дел од случаите се работи за човечки фактор, ненамерно или намерно потпалување. Со цел превенција, откривање на сторителите и спречување на подметнување на пожари на отворен простор, МВР засилено настапува на терен и има ангажирано преку 600 полициски службеници. Исто така, досега во гаснењето на пожарите учествуваа полициски службеници од специјалните единици а беше ангажиран и хеликоптер на МВР.

Информации за пожарите на дневна основа 15.08.2021 до 17:00 часот

Пожарот кај с.Мелничани, во општина Центар Жупа е ставен под контрола и се прават напори за негово целосно ликвидирање. Клучно беше дејствувањето на двата македонски армиски хеликоптери, кои направија 16 налети и фрлија огромна количина вода врз пожарот со што спречија да се зафати дабова и букова шума, a овозможија и пристап на распоредените сили да тргнат кон гаснење на пожарот. Очекувањата се дека до крајот на денот единиците на армијата, специјалните сили на МВР, лица од Национални Шуми, ТППЕ од Дебар и Гостивар целосно ќе го елиминираат овој пожар. На терен беа и 4 американски и 7 француски експерти за високоризични пожари кои користат два дрона, еден за реално и еден за термално извидување за откривање на потенцијални жаришта за пожар. Со активностите за гаснење на овој пожар од лице место координираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Пожарот кај Раовиќ – Буковиќ, ( Општина Сарај ) е сеуште активен, каде гори мешана шума. Главниот Штаб при ЦУК кој е во постојано заседавање, со оглед на состојбата на терен и специфичноста на овој пожар донесе одлука во текот на попладневните часови да се интервенира од воздух со еден македонски армиски хеликоптер и еден на Р. Црна Гора.
Пожарот помеѓу селата Барово и Вешје денес е ставен под контрола. Кракот кон Вешје е целосно изгаснат, додека кракот кон с.Барово е под контрола.
Пожарот во атарите на селата Ракле-Никодин-Топлица, општина Прилеп сеуште е активен. Гори кракот од с.Ракле према с.Крстец. Пожарот е на тешко пристапен терен, а на него интервенираат пожарникари на ТППЕ Прилеп и вработени на ШС ,,Црн бор“-Прилеп.
Пожарот помеѓу селото Црвена Вода и планинарскиот дом Китка, ( Општина Студеничани ) е под контрола. Сеуште се забележува чад каде догоруваат остатови и гранки и корење.
Во моментот низ земјава има и други пожари на сува трева и запалени стрништа кои не претставуваат сериозна закана и се очекува набрзо да се изгаснат.

Информации за пожарите на дневна основа 14.08.2021 до 17:00 часот

Пожарот кај Раовиќ – Буковиќ, ( Општина Сарај ) е сеуште активен, каде на засега неутврдена површина гори мешана шума. Во гасењето на пожарот учествуваа 50 припадници на специјалните единици на МВР во содејство со 7мина француски експерти кои со полициски хелихоптер беа префрлени на сртот на кањонот Матка и извршија комплетна претрага и догасување на постоечките жаришта. Денес во 14 часот, како поддршка се приклучи и Црногорскиот хелихоптер со 12 налета испуштајќи голема количина на вода, но запрепастува фактот дека и покрај 8 дневното активно гасење на истиот, утврдено е дополнително странично повеќеметарски оддалечено повторно потпалување - тлеење, а самото тоа не дозволува целосно ликвидирање на пожарот. Во неколку наврати, денес се дејствуваше и од воздух со хелихоптер на МВР.
Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје е целосно ставен под контрола, исклучиво сртот кој ги двои двете села сеуште покажува активност, но денес околу 16.30 часот ГШ при ЦУК одлучи да прати еден хелихоптер да изврши повторна активност со исфрлање на вода на непристапниот срт, а луѓето кои се распоредени околу сртот да извршат целосно догасување. Во денешната активност за гасење на овој пожар учествуваа 50 припадници на АРСМ од страната на село Барово, 60 припадници на специјалните сили на МВР, 20 припадници на Национални Шуми и околу 50тина мештани и вработени на Јавни претпријатија од Демир Капија, како и две ПП екипи од Неготино. Со активноста околу гаснењето на пожарот координираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, како и градоначалникот на општина Демир Капија, Лазар Петров.
Пожарот кој се случил вчера во атарот на с. Горно Мелничани општина Центар Жупа денеска беше под контрола, но истиот повторно се активираше околу 13 часот. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 1 ПП возило со 5 пожарникари, 20 полицајци, 12 работници од ЈП Национални Шуми, и еден Багер од Општина Центар Жупа.
Главниот штаб при ЦУК со оглед на исклучително тешката состојба со пожарот во Центар Жупа, донесе заклучок за утре да се активираат двата хеликоптера во 8 часот наутро, 40 припадници на АРМ, 30 припадници на специјалните полициски сили, 15 припадници на Национални шуми, како и две ТППЕ и еден тим на ДЗС за да помогнат во справување и ставање под контрола на истиот.
Исто така, согласно член 34 од Законот за управување со кризи, донесен е заклучок директорот на ДЗС да активира дополнителни ТППЕ кои се најблиски територијално до општина Центар Жупа.
Пожарот помеѓу селото Црвена Вода и планинарскиот дом Китка, ( Општина Студеничани ) е ставен под контрола.
Шумскиот пожар на подрачјето на општина Кратово во м.в.Кормина, близу селото Емирица, во кој е опожарена борова шума е локализиран.
Во раните утрински часови појавен е и пожар кај мв.Круша, Гевгелиско. Пожарот беше ставен под контрола, но сеуште се на терен екипи од ШС „Кожув“ поради високите температури. Изгорени се околу 2ха квалитетна букова шума.

Информации за пожарите на дневна основа 13.08.2021 до 17:00 часот

Утрово по интервенцијата на двата армиски хелихоптери, пожарот кај с.Раовиќ во општина Сарај беше локализиран, но некаде околу 15 часот, истиот повторно се активираше на три места за што веднаш се запознаени БППЗ на Град Скопје.

 

Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и  Вешје во општина Демир Капија е сеуште активен и се прошири кон висорамнината Витачево, кон с.Страгово во општина Кавадарци.

Известени сме дека на рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт од околу 4 км и Висорамнината Витачево засега е безбедна.

Пожарот е навлезен во шума во близина на с.Барово, м.в.Балдовец каде теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување и гаснење на истиот, за што се бара и интервенција од воздух.

 

Интервенираат

ТППЕ Кавадарци со 6 пожарникари и 1 пп возила и теренско возило,

ШС Бор Кавадарци со 7  вработени со цистерна и теренско возило;

ТППЕ Неготино со 6 пожарникари и 6 волонтери со цистерна и 2 теренски возила;

ШС Демир Капија со 15 вработени со 2 теренски возила;

16 доброволци од Неготино со 2 трактора и 2 цистерни.

 

 

Од околу 14:00 часот нов пожар е забележан во атарите на селата Грумази и Ивени, општина Новаци, каде гори сува трева и нискостеблеста шума. Постои опасност да биде зафатена и високостеблеста букова шума.

 

Интервенираат:

ТППЕ Битола со 3 пожарникари и 1 ПП возило;

ШС Кајмакчалан Битола со 4 вработени

 

 

Запалена депонија во Радовиш и на истата се интервенира

Интервенираат:

ТППЕ Радовиш со 2 пожарникари и 1 ПП возило;

ЈП Плаваја Радовиш со неколку вработени.

 

 

Информации за пожарите на дневна основа 12.08.2021 до 8:00 часот
 
Пожарот кај с.Дивље и с.Крушје е сеуште активен и се шири кон ливади со сува трева. На пожарот ќе се продолжи со гаснење во текот на денешниот ден.
Интервенираат
ШС Караџица со 12 вработени;
БППЗ со 5 пожарникари и 2 ПП возила.
Пожарот кој во текот на ден 11.08.2012 година навлезе во атарот на с. Џидимирци (опш.Велес). Во раните утрински часови на ден 12.08.2021 година, екипа на ШС Бабуна Велес излегле на терен и констатирала дека во текот на ноќта врнело дожд и истиот е изгасен.
Пожарот кај с.Раовиќ е изгаснат,
Интервенирале:
АРСМ со 20 припадници;
ШС Јасен со 3 вработени;
НП Јасен со вработени;
БППЗ со 3 пожарникари со 1 ПП возило. Хеликоптери на АРСМ
Пожарот кај с.Топлица, поточно од с.Ракле кон с.Крстец е изгаснат
Интервенирале:
ШС Црн Бор Прилеп со 6 вработени
 
Информации за пожарите на дневна основа 11.08.2021 до 13:00 часот
 
Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ е активен на неколку правци, а истиот е префрлен и на дел од ловиштето Јасен.
Интервенира и хеликоптер на АРСМ.
Интервенираат:
АРСМ со 20 припадници;
ШС Јасен со 3 вработени;
НП Јасен со вработени;
БППЗ со 3 пожарникари со 1 ПП возило.
 
Пожарот кај с.Дивље и с.Крушје е со намален интензитет, а од одговорниот во ШС Караџица добиено е известување дека ќе продолжат со гаснење.
Интервенираат
ШС Караџица со 12 вработени;
БППЗ со 3 пожарникари и 1 ПП возило.
 
Пожарот кај с.Топлица е активен кон с.Крстец и е со слаб интензитет.
До овој момент екипата се справува со гасење во нискиот дел од с.Ракле над м.в.Габо село, каде гори лисната постилка. Во високиот дел има само чадење, без пламени јазици.
До овој момент немаат потреба од дополнителна помош.
Интервенираат:
ШС Црн Бор Прилеп со 6 вработени.
 
Пожарот во атарот на село Слатина е локализиран, но има чадење во внатрешноста каде има екипа од ШС М.Брод.
Интервенираат
ШС Сандански – Македонски Брод со 5 вработени
Пожарот кај село Девич е локализиран, но има екипа од ШС Македонски Брод поради контрола на теренот.
Контрола на терен од ШС Сандански – Македонски Брод
 
Пожарот кој започна кај м.в.Бeјаз Тепе (опш.Пехчево), а потоа се префрли кај с.Будинарци (опш.Берово) е локализиран.
Наведените екипи се на терен и вршат обиколка на веќе опожарената површина.
На терен се присутни:
МВР 49 припадници;
ШС Равна Река Пехчево сп 8 вработени со 2 теренски возила со цистерни;
ШС Малешево со 8 вработени со 2 теренски возила со цистерни;
ТППЕ Берово со 1 ПП возило и 3 пожарникари;
ДЗС – Екипа за брз одговор со 7 луѓе и 1 теренско возило;
ПП екипи од Австрија и од Бугарија.

 

 

Пожарот кој започна на 02.08.2021 година  на м.в.Бeјаз Тепе  е локализиран.  На терен  се 100 припадници на АРСМ,  Екипа од Бугарија со 5 ПП возила и 37 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 4 теренски возила со цистерни и 6 теренски возила за превоз и 45 вработени, ТППЕ Берово  со 3  ПП возила  и 7 пожарникари, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна   и 5 вработени,  РЦУК Берово 2 вработени,  40 луѓе од месното население.На терен е и екипата од Словенија, како и екипата од Австрија.Пожарот во атарот на с.Будинарци  е ставен под контрола и е локализиран.Екипите работат на негово расчистување.          

Пожарот кај Раовиќ – Буковиќ каде на неутврдена површина гори мешана шума, во текот на вчерашниот ден врз пожарот е дејствувано воздушно ( авионски ) во 3-4 наврати, Исто така од земја е интервенирано со 20 - тина војници на АРСМ и 20 – тина припадници на ДЗС. возила. 

Од Ловиштето Јасен бевме известуваат дека пожарот од Раовиќ  се префрлил на  територијата на Ловиштето Јасен

На дежурство во селото Раовиќ  биле испретени 2 ПП возила со 5 пожарникари.

Истата екипа кракот од пожарот кој се спуштал кон селото во 02:00 часот го угаснала.

Другите краци  на пожарот се уште  горат.

На пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје,  од земја е дејствувано со 10 вработени и од страна на БППЗ  со една екипа 1 ПП возило и 4 пожарникари и  20 припадници на АРСМ. Фронтот на пожарот е насочен кон с. Средно Коњаре . Интензитетот на горење моментално е намален  но состојбата може  наеднаш да се промени.            

Пожарот во атарот на селата Топлица,Ракле и Никодин е сеуште активен во делот од Топлица према село Крстец во тешко пристапен терен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале 6 работници од ЈП Национални Шуми - „Црн Бор“ - Прилеп. Во текот на денот  немало поддршка за гасење со воздухоплови. ТППЕ - Прилеп не извести дека не испратиле екипа на овој пожар во текот на денот. За состојбата со пожарот од страна на РЦУК - Прилеп известени се ЕЛС - Прилеп, ДЗС - Прилеп, МВР - ПС Прилеп.

Информации за пожарите на дневна основа 10.08.2021 до 8:00 часот

Пожарот кој започна на 02.08.2021 година кај м.в.Бeјаз Тепе, е сеуште  активен во атарот на с. Будинарци во општина Берово. На терен се присутни противпожарните екипата од Словенија и од Австрија. Пожарот делумно е ставен под контрола а екипите работат на негово целосно локализирање каде гори високостеблеста борова шума, смрека, стрништа и сува трева.     

Во општина Делчево пожарот кој започна на 02.08.2021 година во атарот на с. Нов Истевник маало Пасјак, последната состојба од теренот е дека пожарите на подрачјето на општина Делчево се локализирани и се ставени под контрола. Екипите што беа ангажирани во гаснењето на пожарот се повлечени. На терен се останати само вработените од Шумско стопанство Голак од  Делчево кои дежураат. Во резерва во с. Тработивиште се лоцирани припадници на АРСМ ако има потреба да интервенираат.

Во општина Штип пожарот кој е во атарот на селата Драгоево и Селце сeуште е активен но е ставен под контрола. Екипите во моментот се повлечени но во договор со Директорот на ШС- Серта и Градоначалникот, на теренот е оставена цистерна со вода и луѓе од месното население. Екипи на ШС и ТППЕ од Штип на ден 10.08.2021 година во 06:00 часот одат повторно на терен.

Од ловиштето- Јасен известуваат дека има 24:00 часовно дежурство на делот на планината према ловиштето Јасен. Во моментов пожарот е стишан и нема опасност за да се прошири према ловиштето. Се гледа чад од страна на село Раовиќ каде гори мешана шума и е на доста непристапен терен.

Од страна на ЛС– општина Сарај информираат дека во тој дел сеуште чади и пожарот е сеуште активен. Бидејќи теренот е непристапен, нема можност за гасење од терен. ЕЛС- Сарај исто така известуваат дека доставиле барање за армиско летало во помош за гасење на пожарот.

Од ШС Караџица известуваат дека пожарот над село Раовиќ се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен, на истиот во утринските часови на терен се екипи од АРСМ, ДЗС и локалното население. Се планира гасење од воздух. (општина Сарај).

Во општина Петровец пожарот кај село Дивље е под контрола, нема опасност за селото и населението. По дејствувањето на пожарникарите од БППЗ на град Скопје, ШС Караџица како и локалното население, пожарот е насочен накај Средно Коњаре. Се очекува денес во раните утрински часеви на гасење на пожарот да излезат 10 лица од ШС Караџица како и 20 припадници на АРСМ за да го локализираат и стават под контрола.

Пожарот во атарот на Ракле- Никодин- Топлица е приземјен, но не е завршен. Позади с. Топлица кон с. Крстец, има чад но намалува  со интензитетот. Со досегашните дејствувања со воздушната поддршка. Екипа на ЈП Мак. Шуми – Црн Бор Прилеп, со 7 работници се на терен, како и 3 војници од АРСМ. (општина Прилеп).

Пожар во с. Војница,  гори нискостеблеста шума и смрека. На терен се ТППЕ- Велес со 2 возила и 6 пожарникари, комунално Чашка со 1 возило и 5 лица, шумско- Велес со 2 возила со 10 лица и 3 полицајци од Чашка. Пожарот сеуште не е изгаснат но е ставен под контрола. (општина Чашка).

 

Информации за пожарите на дневна основа 10.08.2021 до 8:00 часот
 
Пожарот кој започна на 02.08.2021 година кај м.в.Бeјаз Тепе, е сеуште активен во атарот на с. Будинарци во општина Берово. На терен се присутни противпожарните екипата од Словенија и од Австрија. Пожарот делумно е ставен под контрола а екипите работат на негово целосно локализирање каде гори високостеблеста борова шума, смрека, стрништа и сува трева.
Во општина Делчево пожарот кој започна на 02.08.2021 година во атарот на с. Нов Истевник маало Пасјак, последната состојба од теренот е дека пожарите на подрачјето на општина Делчево се локализирани и се ставени под контрола. Екипите што беа ангажирани во гаснењето на пожарот се повлечени. На терен се останати само вработените од Шумско стопанство Голак од Делчево кои дежураат. Во резерва во с. Тработивиште се лоцирани припадници на АРСМ ако има потреба да интервенираат.
Во општина Штип пожарот кој е во атарот на селата Драгоево и Селце сeуште е активен но е ставен под контрола. Екипите во моментот се повлечени но во договор со Директорот на ШС- Серта и Градоначалникот, на теренот е оставена цистерна со вода и луѓе од месното население. Екипи на ШС и ТППЕ од Штип на ден 10.08.2021 година во 06:00 часот одат повторно на терен.
Од ловиштето- Јасен известуваат дека има 24:00 часовно дежурство на делот на планината према ловиштето Јасен. Во моментов пожарот е стишан и нема опасност за да се прошири према ловиштето. Се гледа чад од страна на село Раовиќ каде гори мешана шума и е на доста непристапен терен.
Од страна на ЛС– општина Сарај информираат дека во тој дел сеуште чади и пожарот е сеуште активен. Бидејќи теренот е непристапен, нема можност за гасење од терен. ЕЛС- Сарај исто така известуваат дека доставиле барање за армиско летало во помош за гасење на пожарот.
Од ШС Караџица известуваат дека пожарот над село Раовиќ се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен, на истиот во утринските часови на терен се екипи од АРСМ, ДЗС и локалното население. Се планира гасење од воздух. (општина Сарај).
Во општина Петровец пожарот кај село Дивље е под контрола, нема опасност за селото и населението. По дејствувањето на пожарникарите од БППЗ на град Скопје, ШС Караџица како и локалното население, пожарот е насочен накај Средно Коњаре. Се очекува денес во раните утрински часеви на гасење на пожарот да излезат 10 лица од ШС Караџица како и 20 припадници на АРСМ за да го локализираат и стават под контрола.
Пожарот во атарот на Ракле- Никодин- Топлица е приземјен, но не е завршен. Позади с. Топлица кон с. Крстец, има чад но намалува со интензитетот. Со досегашните дејствувања со воздушната поддршка. Екипа на ЈП Мак. Шуми – Црн Бор Прилеп, со 7 работници се на терен, како и 3 војници од АРСМ. (општина Прилеп).
Пожар во с. Војница, гори нискостеблеста шума и смрека. На терен се ТППЕ- Велес со 2 возила и 6 пожарникари, комунално Чашка со 1 возило и 5 лица, шумско- Велес со 2 возила со 10 лица и 3 полицајци од Чашка. Пожарот сеуште не е изгаснат но е ставен под контрола. (општина Чашка).

 

Информации за пожарите на дневна основа 09.08.2021 до 8:00 часот

Штипски регион
Пожарите кои беа на две локаии с.Трботивиште-Нов Истевник м.в.Света Вода и с.Разловци, општина Делчево се во потполна контрола и нема никаква опасност од нивно ширење. Екипи кои набљудуваат кои се на местата на пожарот кога ќе се појави некое жариште во изгорениот дел веднаш реагираат од евентуално проширување. Во текот на вчерашниот ден интервенирале кај Разловци: ТППЕ Делчево со 10 пожарникари, ШС Делчево со 5 вработени, АРСМ со 29 припадници , МВР со 40 припадници, Гранична полиција со цистерна, ЈКП Делчево со цистерна и 2ПП екипи од Р. Бугарија. Кај Нов Истевник ШС Делчево со 4 вработени и МВР со 14 припадници. За ден 09.08.2021 година договорено е во гаснењето на пожарот да интервенираат: 1 вработен од РЦУК Делчево, 10 лица со 2 теренски возила од ПС Голак од Делчево, 10 пожарникари со 2 цистерни и 1 теренско возило од ТППЕ Делчево, 5 полициско службеници со 3 теренски возила и 1 камион штаер со цистерна за вода ос 3 тони од РЦ Исток, 6 полициски службеници со 3 возила од МВР ОВР Делчево, 7 лица со 2 теренски возила со 1 тон вода од ЈКП Брегалница, 40 војници од АРСМ, ОО Црвен Крст Делчево и волонтери од месното население со трактори и цистерни за вода, рачен алат за гаснење, а по потреба ќе бидат ангажирани и други сили.
Во општина Берово суште е активен пожарот на потегот Будинарци-Митрашинци каде што гори борова шума. Екипите што беа на терен се повлекуваат за да во раните утрински часови повторно ќе излезаат на терен. Ќе останаат набљудувачи што ќе ја следаат состојбата, а доколку има потреба да се мобилизираат останатите екипи. Загрозени села од пожарот во моменот нема. Во текот на вчерашниот ден интервенирале: АРСМ 22 припадници, ПП Австрија 60 припадници, ПП Словенија 45 припадници,Месно население 15 и Останати субјекти околу 60 лица.
Според известувањето од ТППЕ Штип, во 12:00 часот добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево и с.Селце во општина Штип каде гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ШС Серта од Штип и 4 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот е сеуште активен, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Скопски регион
Пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот е отидена екипа од БППЗ на Град Скопје. Остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Гори мешана шума, смрека, висока трева, и доколку го смени правецот луѓето ќе бидат во опасност. (општина Сарај).
Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен се со 1 возило и 5 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно е повлечена. (општина Петровец).
Битолски регион
Во текот на вчерашниот ден повторно е реактивиран пожарот кај с.Топлица, општина Прилеп, покрај магистралниот пат Прилеп-Градско. Според последните информации реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец. Гори дабова и букова шума и сува трева. Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ-Прилеп со 1ПП возило и 3 пожарникари и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп. Во интервенцијата учествуваат и припадници на АРМ. На локацијата на пожарот делувано е и од воздух (1 налет на канадер), но пожарот е сеуште активен. Утрово во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 Пп возило и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп.
Кумановски регион
Од ноќеска повторно е активен пожарот во атарот во с. Дренк ( на тромеѓа помеѓу с.Дренк -Жељубино- Аљинце). Екипата на ТППЕ со 1 теренско возило и 5 пожарникари интервенира од 20,30 часот со напртњачи, во интервенцијата учествуваат и 2 мештани. Екипата е сеуште на терен и работат на негово гаснење.

Информации за пожарите на дневна основа 08.08.2021 до 19:00 часот

 
Пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта.
Првата локација кај с. Разловци м.в „чокалица“. Пожарот е локализиран но екипите се суште на лице место.
Пожарот во атарот на на с.Разловци потполно е ставен под контрола, останати се дел од ШС и АРМ. Останатите екипи се упатени на потег Будинарци -Митрашинци.
Другата локација е во атарот на с. Тработи и Нов Истевник над м.в. Света Вода.
Пожарот е ставен под контрола, каде остануваат 4 вработени од ШС да се контролира и понатаму а останатите се повлечени и упатени на другата локација кај с. Разловци.
ТППЕ Делчево со 10 пожарникари;
ШС Делчево со 5 вработени;
АРСМ со 29 припадници;
МВР со 40 припадници;
Гранична полиција со цистерна;
ЈКП Делчево со цистерна.
2ПП екипи од Р. Бугарија.
Локализиран кај Нов Истевник:
ШС Делчево со 4 вработени;
МВР со 14 припадници
Пожарот на територијата на Општина Пехчево е суште активен, истиот се проширува на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на с. Будинарци. Се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.
Пожарот кој беснее во атарот на с. Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на с. Мирашинци каде гори борова шума.
Пожарот се шири без контрола, сите сили се распоредени поради лошиот терен интервенираат само со помалите цистерни.
Интервенираат:
АРСМ 22 припадници;
ПП Австрија 60 припадници;
ПП Словенија 45 припадници;
Месно население 15;
Останати субјекти околу 60 лица.
ТППЕ- Штип во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево во Општина Штип каде гори сува трева смрека и нискостеблеста шума
Има сознанија за ново жариште кај с. Богословец на територијата на Свети Николе.
Интервенираат:
ТППЕ-Штип со 1 ПП возило и 4 пожарникари
ШС Серта со 1 возило и 4 луѓе
Пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата.
Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа.
Во 15,45 часот остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот.
Побарана е помош, од воздух бидејки пожарот е на непристапен терен, гори мешана шума, смрека, висока трева.
Пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен остана со 1 возило и 2 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно се повлече.
Пожар под Преслап – Китка кон с. Црвена Вода и над с. Цветово, од м.в. Празни Торба кон селата Елово и Црн Врв.
Од ТППЕ Св. Николе известуваат дека во 11.30 часот има повторно задимување кај Богословски рид. Поради силниот ветер во внатрешноста на големата опожарена површина дими од недогорените дрвја и нема опасност од повторно активирање.
ТППЕ- Свети Николе со 1 возило и 4 пожарникари
Во атарот на с.Светомитрани запалено е ѓубре и пожарот е проширен локално.
На лице место интервенира екипа на ТППЕ-Крушево со 1ПП возило и 2 пожарникари,1 припадник на МВР и 1 вработен во ЈП,,Липа“. Во моментот пожарот е локализиран но екипата останува на терен да ја контролира состојбата. Локализиран
Интервенираат:
ТППЕ- Крушево со 2 пожарникари и 1 ПП возило;
1 припадник на МВР и 1 вработен во ЈП- Липа
Во Прилепско во моментот има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:
-во атарот на селата Дрен- Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума.
Последна информација добиена од ТППЕ-Прилеп е дека пожарот е локализиран но екипите се сеуште на терен.
-Во 10:10 часот повторно е реактивиран пожарот кај с. Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско. Гори дабова и букова шума и сува трева, реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец.
Во моментов на горенаведената локација кај село Топлица дејствува авионот- Спартан од Романското воено воздухопловство АКТИВЕН
Интервенираат во с. Дрен- Смолане
ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари и 2 ПП возила.
10 вработени од НШ- Црн Бор, Прилеп
Интервенирааат во с. Топлица:
ТППЕ- Прилеп со 1 возило и 3 пожарникари
5 вработени од НШ- Црн Бор, Прилеп
1 Романски авион- Спартан
Помал пожар во атарот на с. Романовце на опожарена сува трева.
Пожарот е локализиран Локализиран
Интервенираа:
ТППЕ со 1 возили и 2 пожарникари

Информации за пожарите на дневна основа 07.08.2021 до 9:00 часот

 

Штипски регион
Пожарот кој започна на 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник маало Пасјак е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри, до овој момент опожарена е површина од 1100 ( илјадо и сто) хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна во атарот на селото Нов истевник с.Нов Истевник, Податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата што е на Општина Делчево
Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04,00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 60 припадници на АРСМ, 25 вработени во Шумско стопанство „Голак“ од Делчево, со 4 теренски возила, ТППЕ - Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива, 5 припадници на Гранична полиција со 4 теренско возило дефендери, 10 припадници на ОВР – Делчево со 3 теренско возило , ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип.Во гаснењето на пожарот се ангажирани 2 хеликоптери на АРСМ и РЦУК – Делчево со 2 вработен ТППЕ од Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР од единица Тигри со 24 вработени, МВР – ЕБР со 22 вработени и ТППЕ од Р.Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП возило цистерна Пожарот е сеуште активен. Екипите што се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарот се распоредени на повеке критични места со цел пожарот да се стави под контрола Во овој момент најлосо е на место викано Света вода помегу селата Тработивиште и Разловци. Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот. Во гаснењето на пожарот учествуваат и жители од месното население. До овој момент пожарот што е на подрачјето на општина Делчево е заобиколен и ставен под контрола. Заради контрола преку ноќта на терен ќе останат екипа од ТППЕ Делчево со 1 ПП возило и 4 пожарникари и екипа од МВР Скопје.
Ангажирани сили и служби
ЈП – МШ – Голак Делчево -25 работници со 4- теренски возила
ТППЕ - Делчево – 12 пожарникари со 2 цистерна и 1 теренско возило
АРСМ – 60 војника и 2 хеликоптери
Г,Полиција со 5 полициски службеници и 4 теренски возила (дефендери) МВР -ОВР Делчево со 2 полициски службеници и 1 теренско возило.
МВР – Тигри 24 припадници
МВР – ЕБР 22 припадници
ЈПКД Брегалница од Делчево со 5 вработени сo 2 ровокопачи, 1 теренско возило со 1 тон вода и 1 џип.
РЦУК – Делчево 2 вработени
ТППЕ од М.Каменица 4 пожарникари со 1 теренско возило
Припадници на Црвениот крст од Делчево
ТППЕ од Република Бугарија со 6 пожарникари, со 1 ППВ цистерни.

Пожарот кој започна на 02.08.2021 година на м.в.Бeјаз Тепе е сеуште активен во селата Робово,Мачево, Будинарци . На терен се100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, има Помош од Бугарија со 3 ПП возила и 25 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз и 15 вработени, ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари, 1 ПП возило од Скопје, 1 ПП возило од Штип, 1 ПП возило од Струмица, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени, РЦУК Берово 2 вработен, 80 луѓе од месното население. На терен е и екипата од Словенија, како и екипа од Австрија Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на висок пожар во с.Будинрци. Во попладневните часови дејствуваат три хеликоптери на АРСМ на потегот Робово, Будинарци.
Алармантна е ситуацијата околу с. Будинарци и с. Мачево.
Состојбата во атерот на селата: Црник, Умлена и Чифлик од попладневните часови е стабилна и на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.
Пожарот околу селото Црник е ставен под контрола, на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над село Мачево и таму има екипи распоредени. Околу село Робово се прави појас за да се се прекине пожарот.
Ангажирани сили и служби:
ШС Равна Река Пехчево- 30 работници и 6 теренски возила
ШС Малешево Берово –15 работници и 4 теренски возила
АРСМ – 100 војника и 3 хеликоптери од Р.Србија
ТППЕ Берово – 7 пожарникари и 1 теренско возило 2 цистерни
(ТППЕ Скопје, ТППЕ Штип,ТППЕ Струмица) со по 1 ПП возило и 2 пожарникари
Помош од Бугарија - 3 ПП возила и 25 пожарникари
ДЗС - 4 вработени и 1 теренско возило
Рцук Берово 2 вработени
ЕВН- 6 теренски возила за превоз
Месно население- 60 луѓе
Екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе
Екипа од Австрија 60 пожарникари и 20 возила.

 

Велешки регион
Пожарот кој што започна вчера во Богословец сеуште не е изгаснат и е активен во атарот на с. Кадрифаково.
Во гасењето на пожарот учествуваат 11 припадници на ТППЕ Свети Николе со 3 ПП возила, ДПД Свети Николе со 6 луѓе и 2 ПП возило, ШС Свети Николе – 15 луѓе, ЈКП Комуналец – 20 луѓе. Со пожарот е зафатена површина од околу 150 хектари со нискостеблеста дабова шума и смрека, борова шума и сува трева, а изгорени се и 4 куќи во селото Богословец и 1 трактор.
Пожар во с.Џидимирци. Известени се во Шумско стопанство Бабуна и истите ќе пратат екипи на терен.Подетални информации ќе има по пристигнувањето на екипата на лице место.

 

Струмички регион
Пожарот од 01.08.21 во месноста Погана кој започна околу 12,30 часот и зафати површина од околу 1350 ха, се уште е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци. На терен беа ангажирани следните сили:2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 11 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило. На теренот присутните сили заедно со силите од Гевгелија направија појас на најкритичниот дел со должина од 300 метри и ширина од окулу 5-6 метри и на овој дел се чека пожарот за активно да се дејствува за да не префрли према Богданци.

Пожарот кај с.Дамјан е активен но нема опасност засега кон с.Дамјан. Од ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево. На координативно тело е договорено во наутро во 05. 00 ч. да се излезе и да се види какви мерки да се превземаат. Во моментот таму се наогаат екипи на : ТППЕ-Радовиш, со 3 пп возила, и 12 пожарникари, екипа од ТППЕ-Струмица со 1 пп Возило и 5 пожарникари како и екипа од ПШС-Плачковица-Радовиш со 15 луге локално население во гасење напожарот ке се вклучат со човечки ресурси и цистернаи од БОРОВ ДОЛ -Бучим.

 

Битолски регион
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица од 02.08.2021 во 13.10ч. е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во с.Ракле останати се уште 5 лица. ТППЕ Прилеп има ангажирано 2 ПП возила и 9 пожарникари.

Пожар на потегот с.Дрен – с.Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. На барање на Градоначалникот на ЕЛС Прилеп, упатено до ДЗС Прилеп, за помош на лица за гасење на пожарите ,договорено е дека денес од ДЗС Битола и ДЗС Прилеп ќе има екипа од 12 лица со алат за гасење на пожарите.
Градоначалникот на ЕЛС Прилеп има доставено барање за воздушна подршка од хеликоптери и 20 војници од редовите на АРСМ за помош во гасење на пожарот на потегот с.Дрен – с.Смолани.

 

Тетовски регион
Пожарот над с.Пожаране-Гостивар повторно се активирал. Екипите на Македонски Шуми повторно се на лице место со едно возило и 4 вработени. Состојбата се следи.

 

Скопски регион
Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ – Ласкарци (опш.Сарај) е под контрола, т.е. гори само високото на сртот према НП Јасен, каде веќе има екипи од НП Јасен кои доколку има потреба ќе интервенираат. Нема опасност по с.Раовиќ и по останатните населени места.