Штипски регион
Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха борова шума и нискостеблести растенија. Пожарот го зафати маалото Балабанци во с.Нов Истевник, каде зафати и 3 куќи, а истиот брзо се шири и ја зафати и Курачка Маала каде досега изгореа 3 плевни. Поради големиот пожар регионалниот патен правец Делчево – Пехчево бил затворен за сообраќај. Со пожарот е зафатена површина од околу 900 Ха со борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Интервенираат 200 припадника на АРСМ, 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и 1 теренско возило, 5 припадника на Гранична полиција со 5 теренски возила, 3 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило, ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со 1 теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; 25 пожарникари, 3 ППВ цистерни и 2 санитарни возила од Р.Бугарија и волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили. Во гаснењето на пожарот ангажирани биле и 4 хеликоптери. Пожарот е сеуште активен и бргу се шири во правец кон маалото Пасјак и кон с.Трабовиште и се има префрлено на територијата на општина Пехчево. Екипа на ЕВН ја прекина испораката на електрична енергија на филтер станицата и бунарските системи поради што ќе има прекин во водоснабдувањето од бунарите со што значително ќе се намали протокот на вода во Делчево и повисоките делови од градот нема да имаат вода. Поради сериозната состојба со пожарите во околината на Делчево и потребата од континуиано снабдување на ППЕ со вода се апелира за рационално користење на водата. Поради тоа што има прекин на електричната енергија не се врши хлорирање на водата и истата не е исправна за пиење и може да се користи само како техничка вода. Поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се локализира од ТППЕ Делчево и припадници на Армијата се оставени дежурни екипи. Од раните утрински часови повторно ќе се интервенира.
На територијата на општина Пехчево, кај м.в.Бајаз Тепе пожарот е сеуште активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Поради силината на ветерот пожарот го префрли регионалниот пат Берово – Делчево и се движи накај с.Црник. На терен интервенираат 100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, 25 пожарникари со 3 ПП возила од Р. Бугарија, екипа на ШС Равна Река со 30 вработени, 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз, екипа на ШС „Малешево“ со 15 вработени, 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз, ТППЕ Берово со 7 пожарникари и 3 ПП возила, 1 ПП возило и 2 пожарникари од Скопје, 1 ПП возило и 2 пожарникари од Штип, 1 ПП возило и 2 пожарникари од Струмица, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени, РЦУК Берово со 1 вработен, екипа на ЕВН со 6 теренски возила за превоз и 60 луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на негово локализирање. Пристигната е и Специјалната ПП екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе и истата е распоредени во атарот на селата Црник и Негрево. Опожарен е и 1 објект за чување стока и колиба во с.Црник но на истата локација пожарот е ставен под контрола.
Во општина Свети Николе, околу 16:15 часот избувнал пожар на Богословски рид, каде гори сува трева и нискостеблеста шума а изгореле и неколку напуштени куќи. Интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари со 2 ПП возила и 2 ПП возила од ДППД Свети Николе. Пожарот околу 18:30 се прошири накај с.Добришани во општина Штип и во гаснењето на пожарот се приклучиле и 13 пожарникари со 3 ПП и 1 теренско возило од ТППЕ Штип. Бидејки пожарот се приближил кон воените магацини во близина на с.Криви Дол по барање на ОЦ на ГШ вклучена е и цистерна со вода и багер за правење на пресек за спречување на приближување на пожарот кон магацините. На овој крак од пожарот од страна на АРСМ ќе бидаат вклучени околу 20 војници и 2 цистерни а од страна на ТППЕ Штип биле пренасочени 3 ПП возила со 27 пожарникари. Во гаснењето на пожарот учествуваат и ЈП „Исар“ со 2 цистерни и 1 градежна машина - скип, ЕЛС Лозово со 1 цистерна, ДПД Свети Николе со 1 цистерна и 8 полицајци. За превоз на лица за гаснење на пожарот вклучено е и 1 теренско возило од РЦУК Штип со 1 вработен.
Струмички регион
Пожарот кај м.в.Погана на теренот према селата Балинци и Брајковци, кој започна на ден 01.08.2021 година е локализиран. Сеуште е активен но е под контрола на теренот спрема Богданци. Зафатена е површина од околу 1300 Ха нискостеблеста шума (даб, габер, прнар и јасен). Во гаснењето на пожарот на ден 05.08.2021 година интервенирале ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари, ШС „Саланџак“ Валандово со 14 вработени, ПО ДЗС Валандово со 7 вработени, АРСМ со 30 војници, ЕВН Битола со 7 вработени, 1 теренско возило и 1 цистерна и здружение од Битола со 9 припадника и 2 трактори (за пренос на храна и вода за учесниците во пожарот) и 13 вработени во ШС „Кожув“ Гевгелија.
Скопски регион
Моментално најсериозна ситуација има на пожарот во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ. Истиот бил пријавен и од страна на ЕЛС Желино како шумски пожар на високо непристапен терен во реонот на с.Рајовиќ на страната на општина Сарај и за истиот од нивна страна биле известени ШС Лешница – Тетово и ПС Групчин. На пожарот од страна на БППЗ на град Скопје се упатиле околу 16:15 часот, и било утврдено дека гори сува трева и ниска и мешана шума на поголема неутврдена површина. Побарано е и помош од војници на АРСМ. Околу 20:00 часот, од БППЗ на град Скопје добиено е известување дека поради ветер пожарот неконтролирано се шири кон Јасен. Стапено е во контакт со одговорното лице од ШС Јасен кој е запознаен со состојбата и има свои луѓе на терен. Околу 22:10 часот во контакт со одговорното лице од ШС Караџица, добиено е известување дека на лице место на пожарот имале нивни екипи, МВР, и вработени од локалната самоуправа како и екипи од БППЗ на град Скопје. Пожарот е на многу непристапно место и станува збор за ниска деградирана шума. Има силен ветар кој го насочува кон Јасен. Околу 23:00 часот од БППЗ на град Скопје информирале дека на пожарот ќе дежураат 5 пожарникари со 2 ПП возила. Утрово околу 06:00 часот екипите на БППЗ на град Скопје се на терен, и ситуацијата се следи. Од ШС Караџица известиле дека нивните екипи ќе се мобилизираат околу 07:30 часот и ќе заминат на локацијата на пожарот.
БППЗ на град Скопје известуваат дека пожарот во с.Горно Блаце каде на неутврдена површина е зафатена сува трева и ниско стеблеста шума, гори со намален интензите и се очекува негово локализирање.
Битолски регион
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во с.Ракле останати се уште 5 лица, а интервенираат 7 пожарникари од ТППЕ Прилеп и 10 лица од месно население. Околу 19:45 часот добиена е информација дека пожарот го префрлил регионалниот пат Прилеп – Градско и се шири кон с.Радобил.
Пожар на потегот с.Дрен – с.Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. Интервенираат 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месно население, како и 7 вработени од ШС Црн Бор Прилеп.
Охридски регион
Во 20:15 часот избувнал шумски пожар на непристапен терен помеѓу селата Косел и Расино. Гори сува трева и мешана шума. Во реон на пожарот биле упатени 1 ПП возило со 4 пожарникари од ТППЕ Охрид и 6 вработени со 2 теренски возила од ШС „Галичица“. Поради непристапност и намалената видливост екипите се повлечени од терен а останата е дежурна екипа на ШС Галичица. Со интервенција ќе се отпочне денес во утринските часови.
Тетовски регион
ЈП Македонски шуми Шар Гостивар во текот на вчерашниот ден имале интервенции за гасење на шумски пожари во селата Печково, Пожаране и Куново - Маврово. На пожарот во с.Печково заедно со екипи на ТППЕ Гостивар е интервенирано во неколку наврати додека во попладневните часови екипа на вработени е повторно упатена на пожарот кај с.Пожаране кој бил локализиран, но истиот повторно се разгорел. Засега активен останува само пожарот кај с.Пожаране и на истиот во текот на денешниот ден ќе интервенира ЈП Македонски шуми Шар Гостивар, додека пожарот кај с.Куново е локализиран.
Кумановски регион
Во општина Ранковце – Крива Паланка, од страна на ЕЛС Ранковце, доставено е барање за употреба на хеликоптер и војска за гаснење на пожар на територијата кај с.Гулинци кое е отсечено од пат (патиштата се обраснати со нискостеблеста шума и однесени од дождови и е непристапно за противпожарни возила на ТППЕ Ранковце). Според барањето пожарот претставува опасност да се прошири во останатите села како Пклиште, Отошница и Станча во општина Ранковце и Дренок, Осиче и Дејлповце од општина Старо Нагоричане кои исто така се отсечени од пристапни патишта од кај страната на општина Ранковце. Во 19:00 часот од ТППЕ Ранковце известиле дека нивна екипа е излезена на терен да интервнира на пожарот во с.Гулинци.
Велешки регион
Во општина Кавадарци од 14:10 часот е пријавен пожар во шума на м.в.Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден. Гори мешана нискостеблеста шума од даб и јасен. Интервенираат ТППЕ Кавадарци со 4 пожарникари и 1 ПП возило, ШС „Бор“ Кавадарци со 5 вработени и 1 возило и Еуро Никел со 7 вработени и 2 возила. Теренот е каменит и непристапен и дува силен ветер. Изгорена површина до пристигнување на екипите е околу 10 до 15 декари. За пожарот биле известени лицата за контакт од општините Кавадарци и Росоман, ОВР Кавадарци, Регионален центар за гранични работи ЈУГ –ПС за ГН Михајлово и ДЗС ПО Кавадарци. Околу 20:00 часот екипата е повлечена од терен и префрлена на друг пожар.
Околу 20:00 часот страна на ТППЕ Кавадарци известено е пожар кај с.Возарци – лево од фабриката Фени. Гори сува трева и ниска вегетација а интервенираат 14 пожарникари од ТППЕ Кавадарци со 4 ПП возила и 2 теренски возила.