Шумскиот пожар кој започна на ден 26.06.2021 година над с.Миравци накај с.Петрово сеуште е активен. Гори мешана шума. Во гаснењето на пожарот учествуваат 12 вработени од ШС „Кожув“ Гевгелија. Во текот на ноќта на местото на пожарот има дежурни екипи.
Шумскиот пожар во атар на с.Папрадиште е сеуште активен. Во текот на вчерашниот ден во негово гаснење интервенирале 17 лица од ШС Бабуна од Велес. Пожарот е проширен до патот, но екипите што се на терен го контролираат за да не се прошири повеќе. Опожарена е површина околу 60 хектари. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.