Од УХМР известуваат дека за време на викендот ќе продолжи периодот на нестабилно време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи во попладневните часови од денот, карактеристични за овој период од годината. На места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата. Исто така можна е и појава на течење на вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интезивни врнежи од дожд. За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на викендот, особено за време на попладневните часови од денот.