Денеска, 11 мај, во Центарот за управување со кризи беше организиран работен состанок на тема „Комуникација, координација и соработка со субјектите од системот за управување со кризи во делот на превенцијата, раното предупредување како и справувањето со пожарите на отворен простор за 2021“.
На состанокот, покрај вд директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, присуствуваа претставници на дел од институциите кои имаат надлежност во справување со пожари, односно – командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, претставници на МВР/БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби, Дирекцијата за заштита и спасување и директорот на ЈП „Македонски Шуми“.
На состанокот беа потенцирани и сите проблеми и недостатоци со кои субјектите досега се соочуваат при појавата и справувањето со пожарите на отворен простор, а за кои сеуште не е изнајдено соодветно решение, со цел истите да се надминат во најбрз можен рок.