На ден 14.04.2021 година се одржа 46 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево преку видеоконференциска интернет врска. Покрај членовите на РШ на седницата присуствуваа одговорниот епидемилог при Центарот за јавно здравје Битола за подрачје Кичево, заменик директорот на ЈП Комуналец Кичево, комадирот на ТППЕ Кичево, шефот за заштита на шуми од ПШС Кичево и претставник од АРМ касарна Кичево одговорен за цивилно воена соработка.
На седницата се дискутираше по две точки. Првата точка се однесуваше на состојбата со КОВИД-19 на подрачјето на општина Кичево. Одговорниот епидемиолог д-р Тони Коњаноски истакна дека во Кичево има наназад 7 неделен раст на заболените. Ако се започне од 9 недела наназад кога бројот на заболени бил од 19 до 20 заболени на неделно ниво, бројот започнува да расте на 26 заболени, па 53, 81, 131 и 140 заболени во минатата недела, што е рекорд. Во Кичево досега вкупно има 2292 позитивни случаи. Смета дека пикот е доживен во Кичево и дека бројките во иднина ќе се намалуваат како резултат на имунизацијата, полицискиот час и други мерки за спречување на инфекцијата со короната.
Втората точка се однесуваше на подготвеност на субјектите на локално ниво за справување со пожарите. Шефот за заштита на шуми од ПШС Лопупшник Кичево рече дека се подготвени да дејствуваат но проблем е недостаокот на тренски возила и дополнителна опрема за гасење шумски пожари. Претсавникот од ОВР Кичево истакна дека тие спровеле превентивни разговори со месното население и им укажале на опасноста од палење стрништа и друг отпад, а со истата активност ќе продолжат и во наредниот период.
Раководителот на РШ ја истакна одличната координација и секојдневна комуникација и соработка на институциите на локално ниво и може по потреба лесно и брзо да се организира нова седница на РШ.