Центарот за управување со кризи денеска (02.04.2021) ја организираше и ја одржа 15-та седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК (од прогласувањето кризна состојба) преку видеоконференциска врска во ЦУК. Со Штабот, оперативно стручно тело при ЦУК коешто раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.
По реферирање за преземените мерки и активности на институциите од Системот за управување со кризи (СУК) за справување со кризната состојба од заразната болест „COVID-19“, следуваше разгледување на записниците од седниците на Управувачкиот комитет, Групата за процена и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за постоење кризна состојба на дел од територијата на целата држава и тоа на подрачјата на јужната и северната, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението и истите беа преточени во заклучоци за идни активности. Притоа се адаптираше и Акциски план во мали детали согласно настанати промени од неговото донесување.
На седницата се утврдија оперативно стручни заклучоци при што беше донесен Акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија. Потоа, институциите во Системот за управување со кризи (СУК) добија задача да извршат проценување на потребите во материјални и човечки ресурси потребни за справување со кризна состојба, со конкретен рок за доставување до ЦУК за истото да стане дел од Акцискиот план. Заклучок се донесе и субјектие во СУК да продолжат со сите свои планирани активности за справување со кризната состојба и истите да ги координираат во Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, каде што ќе се донесат одлуки и заклучоци за нивна реализација.
На крај, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, истовремено и ја нагласи важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, а и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.