Денеска (25.03.2021) на конференцијата „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“, покрај со свое обрќање во првиот дел на конференцијата, Стојанче Ангелов, како прв човек на Центарот за управување со кризи, во вториот дел, активно и коструктивно и при дискусии и при прашања го имплементираше во сегашното стојалиште: на глобално и национално ниво постојано се вложуваат системски напори за јакнење на капацитетите и способностите за превенција и справување со современите ризици, со крајна цел тие успешно да се менаџираат и да не прераснат во кризи, кризни состојби и катастрофи. Поточно: да се реагира активно, а што помалку реактивно при современиот кризен менаџмент, со координирање на субјектите во Системот за управување со кризи со современи средства компатибилни со локалните единици – општините, потоа на национално ниво и секако со глобалното опкружување. Токму ЦУК со својата работа докажано го остварува имплементирањето на проектите во таа насока од Европската Унија и од НАТО.
На конференцијата свои обраќања и дискусии имаа престседателот на Република С. Македонија г-дн Стево Пендаровски, амбасодор на Обидентото кралство во РСМ Г-ѓа Рејчел Галовеј, преставници на „Институтот за демократија – Социетас Цивилис“, градоначалници на дел од општините и од Град Скопје, претставници на националните институции и останати учесници на денешнава конференција.
Овој настан организиран во Скопје, од сферата на кризниот менаџментна на ционално ниво се реализира во рамките на истоимениот проект „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво”, а е поддржан од страна на Обединетото кралство, преку Британската амбасада во Скопје.