Скопски регион
Во општина Чаир патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест e прооден за теренски возила додека пак патот кон село Брест е прооден за теренски возила преку Липково.
Кумановски регион
Во општина Куманово во дел од селата во месноста Которлкот, во текот на вчерашниот ден отпочнато е со чистење и се очекува состојбата да се нормализира.
Во општина Старо Нагоричане целиот планински венец на Козјачијата е зафатен со снег а локалните патни правци се тешко проодни, затоа што се работи за патишта сто се од макадам.
Во општина Липково сите регионални и локални патни правци кон повисоките села кон планинскиот масив Карадак како што се селата Гошинце, Лукаре, Пресница, Брест, Стрима, Рковце и др. се сеуште под снег и можно е движење само со теренски возила. Од општината известуваат дека во втора фаза на расчистување кон истите ќе се дејствуваат во текот на денот и утрешниот ден.
Поради топење на снег некои патни правци се проодни исклучиво за тешки моторни возила.
Во општина Кратово сообраќајот на локалниот патен правец од Кратово до с. Каврак започнато е чистење и исчистено е до с. Мушково. Остануваат отсечени селата Нежилово и Каврак. Чистењето ќе продолжи во текот на денешниот ден.