Денеска (24.03.2021 година) во Центарот за управувасње со кризи се оствари дел од планирани и координирани активности од комплексната задача: проект 112, важен за државата за кризен менаџмент и за ускладување на кризниот менаџмент во тој пиоглед и со Европската Унија. Беше одржан првиот работен состанок со вработени од Центарот за управување со кризи, кои имаат и капацитет и одлука за да бидат дел од професионалците во идниот Сектор -112 во Центарот, а на состанокот, работно, преку видеоконференциска интернет врска учествуваа и претставниците на Унгарската компанија којашто е соработник за контрола и имплементација избрани од Европската Унија.
Состанокот го отвори Стојанче Ангелов, в. д. директор на Центарот за управување со кризи, нагласувајќи дека станува збор за значаен 112 проект којшто е комплексна задача што претстои во наредниот период и којашто треба да биде усогласена со останатите клучни субјекти и соработници од Системот за управувасње со кризи (ЦУК) вклучени во 112, а секако со особено внимание на примарното внатрешно организационо рационално ползување и организирање на човечките ресурси коишто имаат и големо искуство во ваквата работа што Центарот во сегашен облик на работа од „24/7“ преку своите регионални центри ја извршува на територијата на целата наша држава (преку сегашниот број 195). Деталите од задачите на состанокот беа презентирани од претставниците на Унгарската компанија соработник за контрола и имплементација (Bonumstrat Consulting) што е избрана од страна на Европската Унија на јавен мегународен тендер за контролор и имплементатор на овој значаен проект за државата. Во насока на конкретизација на проектот, Центарот за управување со кризи е орган на државната управа, надлежен да го воспостави единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата териоторија на Републиката, Е-112. Текот на состанокот беше во организација на Раководителот на Секторот за операции и координација м-р Душко Петровски, одговорен за имплементација на проектот
Инаку, работниот состанок е чекор за овој значаен проект 112 за државата, од бројните активности меѓу коишто што во наредниот период ќе претстои и детално договарање со Одделението за човечки ресусрси, со вработените кои учествуваат во овој момент во имплементацијата на овој Европски број за итни повици во Центарот и секако со директорот на ЦУК. Покрај запознавање со започнатата имплементација, со сите присутни беше одржан и работен состанок на тема задачи на вработените кои ќе учествуваат во формирање на новиот Сектор -112, како што се изработкатаа на предлог текстот за „Стандардни оперативни процедури за постапување на вработените приматели на повици на телефонскиот број 112“. Станува збор за комплексна задача што претстои во наредниот период и која треба да биде усогласена со останатите клучни субјекти и соработници од Системот за управувасње со кризи (ЦУК) вклучени во 112 како Полицијата со нивниот број за итни повици - 192, Итната медицинска помош со бројот - 194 и Територијалните единици за противпожарна заштита – 193. Стандардните оперативни процедури треба да помогнат во целосното и детално регулирање на процесот на постапување на примателите на повици на телефонскиот број 112 во сите можни случаи на појавени ризици или опасности, во координација со чинителите во Системот за управување со кризи