Скопски регион

Во општина Чаир патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест е непрооден поради снежните врнежи.

Во општина Зелениково сеуште се работи на прекинот на електрична енергија кој трае од 21.03.2021 година. Исто така, и во општина Студеничани од 21.03.2021 година има прекин во снабдувањето со електрична енергија и сеуште се работи на негово отстранување.

               

Битолски регион

Во општина Битола, патот до с.Древеник е сеуште непрооден.

Во општина Крушево без електрична енергија се селата Горно и Долно Дивјаци, Арилев и Пуста Река.

 

Тетовски регион

Во општина Тетово сообраќајот се одвива во зимски услови, отежнато на повисоките места каде што висината на снегот е до 60 сантиметри. На Попова Шапка се привршува со чистењето на викенд населбата а и патот до подшарпланиските села е пробиен и сите села се оспособени за сообраќај во потешки услови - со остатоци од снег.

Во општина Гостивар поради дефект без струја се селата Железна Река, Трново, Србиново, Падалиште, Никифорово и Дебреше. Екипите на ЕВН се на терен и работат на санирање на дефектите. 

 

Охридски регион

Во општините Охрид и Дебрца, во селата на повисоките места има наврнато околу 20 см снег и екипите за чистење се на терен и го чистат снегот

Во општина Кичево вчера се отпочнало со расчистување на патиштата до повисоките селски населби. Прекин во снабдувањето со електричната енергија има во селата Туин, Припадишта, Србица, Белица, Доленци, Другово, Пополжани, Доленци и Подвиц.

Во општина Дебар без напојување со електрична мрежа е с.Броштица.

Во општина Македонски Брод снежната покривка во населени места над 500 м надморска висина изнесува од 20 до 30см и локалните патишта се проодни за теренски возила до овие села. Во текот на вчерашниот ден ангажирани се машини за чистење на локалниот пат с.Томино Село а во текот на денешниот ден ќе се чисти локалнот пат за на с.Крушје.

 

Кумановски регион

Во општина Куманово во делот на селата вон градот во Которлкот, во текот на вчерашниот ден се чистело и се очекува состојбата да се нормализира. 

Во општина Старо Нагоричане целиот планински венец на Козјачијата е зафатен со снег а локалните патни правци се тешко проодни.

Во општина Липково сите регионални и локални патни правци кон повисоките села кон планинскиот масив Карадак како што се селата Гошинце, Лукаре, Пресница, Брест, Стрима, Рковце и др. се сеуште со снег и исклучително е можно движење само со теренски возила. Од општината известуваат дека во втора фаза на расчистување кон истите ќе се дејствуваат во текот на денешниот ден.

Во општина Крива Паланка локалниот (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, е непрооден поради висина на снег и отсечено е с.Дренак.

Во општина Ранковце регионалниот патен правец Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште, од с.Пклиште до с.Герман е непрооден поради висина на снег на патот. Без електрична енергија се корисниците од селата Герман и Нерев. Локалниот пат (земјен) кон с.Криви Камен е непрооден поради висина на снегот. Отсечено е с.Криви Камен.

Во општина Кратово сообраќајот на локалниот патен правец од Кратово до  с.Мушково и с.Каврак не се одвива. Отсечени се селата Близанци, Луково, Куново, Мушково, Нежилово и Каврак поради снежна покривка од 50-60 см. Пробивање на овој патен правец е започнато и е исчистено е до с.Куново. На локалниот патен правец с.Туралево – с.Коњух сообраќајот се одвива со зимска опрема.

Без електрична енергија се корисниците од селата Којково, Кнежево и Емирица.