Скопски регион
Во општина Сарај од 07:30 часот без електрична енергија се корисниците од селата Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ, Паничари и Чајлане.
Во општина Чаир патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест е непрооден поради снежните врнежи. Исто така има прекин во снабдување со електрична енергија во истите села.
Од ЕВН известуваат дека поради дефект на 10 КВ мрежа (дефекти претежно предизвикани од паднати дрва без електрична енергија се корисниците од населените места Сопиште, Добри Дол, Ракотинци, дел од општина Зелениково, Пакошево, Љубош, Батинци, Орешани и околните села, Трубарево, дел од нас.Маџари, Кадино, Чучер Сандево, Кучевиште, Побожје, Танушевци и дел од с.Мирковци.
Битолски регион
Од жители од с.Древеник добиено е известување дека патот до селото е непрооден (има околу 50 см снег) и дека таму има 2000 овци и 5 овчари кои се останати без храна и потребно било со гасеничар да се интервенира на расчистување на патот. За ова се известени ЕЛС Битола и ДЗС Битола.
Во општина Демир Хисар од страна на ЈКП „Комуналец“ се врши расчистување на патните правци во населени места Стругово, Загориче, Утово, Обедник, Смилево, Слепче, Вирово и Слоештица. Патните правци кон планинските населени места Мало и Големо Илино, Зашле и Радово се проодни со теренски моторни возила.
Во општина Крушево регионалнитe патни правци Крушево - Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни и сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег и во некои делови е потребна зимска опрема. Регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е прооден за лесни моторни возила и се очекува во текот на денот да биде исчистен.
Во општина Прилеп според последните информации добиени од ЕВН Македонија без електрична енергија се населените места Долнени, Црнилиште, Ропотово, Пешталево, Секирци, Костинци и Зрзе
Тетовски регион
Регионалниот пат до Попова Шапка е чистен и прооден, додека е отпочнато чистење на локалните патишта до под шарпланинските села. Висината на снежната покривка изнесува повеќе од 60 сантиметри снег и се уште има врнежи од снег. Во Тетово и пониските места снежната покривка е од околу 5 сантиметри и не представува проблем за непречено одвивање на сообраќајот и доставување на намирници. Снабдувањето со електрична енергија е редовно, има пријава за дефект само во с.Ларце - ЕЛС Желино.
Во ЕЛС Брвеница е испратен багер да го чисти патот до с.Гургурница.
Во општина Гостивар трите лавини на патот Маврови Анови – Дебар кај Бигорскиот манастир се расчистени околу 03:00 часот и патот е прооден во двете ленти. Се уште има забрана за движење на ТТВ на патот Крак - Маврово - Дебар. Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со чистење на обиколницата околу Мавровското Езеро.
Велешки регион
Во општина Кавадарци во ридско - планинскиот дел на коловозите има кашест снег. Се интервенира на расчистување и посолување на патниот правец кон одморалиште „Михајлово“, а потоа ќе се интервенира во правец на с.Бојанчиште, и на патниот правец Ладно Долче – Страгово – Крњево – Бохола. Во попладневите часови планирано е посолување на патните правци во ридско – планинскиот дел.
Охридски регион
Во општините Охрид и Дебрца, во селата на повисоките места има наврнато околу 20 см снег и екипите за чистење се на терен.
Во општина Македонски Брод денес се чистат градските населби од паднатиот снег а утре ќе почне со чистење на отсечените села во планинскиот реон каде има наврнато оклу 30 см снег. Електрична енергија нема во селата од Самоков накај Битово, Волче, Брест и Трбовје.
Во општина Кичево во селските населби има наврнато околу 30 см снег и моментално движењето е ограничено на теренски моторни возила. Во селата Речани, Крушица и Видрани има прекин на електричната енергија.
Во општина Стуга непрооден е патот од Вишни до Г.Белица. Патот накај Малесија е прооден до с.Мислодежда и сообраќајот од Струга за Дебар се одвива отежнато
Во општина Дебар сообраќајот се одвива во тешки зимски услови и со зимска опрема. Патниот правец Маврово – Дебар има забрана за тешки товарни возила.
Кумановски регион
Во повисоките планински предели во Козјачијата и Карадачкиот планински венец во општина Старо Нагоричани се зафатени со снег со висина помеѓу 20 и 30 сантиметри, а локалните патни правци од с.Арбанашко кон селата Длабочица, Буковљане, Малотино, Мгленце како и селата Цветишница, Жељувино се непроодни.
Во општина Липково патните правци кон повисоките населени места како што се Гошинце, Лукаре, Пресница, Брест, Стрима, Рковце и др. можно е движење само со теренски возила. Од општината известиле дека во втора фаза на расчистување кон истите ќе дејствуваат во текот на денот и утрешниот ден.
Без електрична енергија се дел од нас.Доброшане и селата Шупли Камен, Орашац, Драгоманце, Жегљане, Рамно, Длабочица, Дејловце, Буковљане, Макреш, Канарево, Добрача, Цвиланце, Бајловце, Аљинце, Довезенце, Бељаковце и околните села.
Во општина Крива Паланка локалниот (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, е непрооден поради висина на снег и отсечено е с.Дренак.
Во општина Ранковце регионалните патен правец Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште, од с.Пклиште до с.Герман е непрооден поради висина на снег на патот. Отсечении се селата Герман и Пклиште. Без електрична енергија се корисниците од с.Герман. Локалниот пат (земјен) кон с.Криви Камен е непрооден поради висина на снегот. Отсечено е с.Криви Камен.
Во општина Кратово сообраќајот на локалниот патен правец од Кратово до с.Мушково до с.Каврак не се одвива. Отсечени се селата Близанци, Луково, Куново, Мушково, Нежилово и Каврак поради снежна покривка од 50-60 см. Пробивање на овој патен правец е започнато и исчистени се околу 3 км. до пред с.Близанци. Чистењето ќе продолжи и во текот на утрешниот ден На локалниот патен правец с.Туралево – с.Коњух сообраќајот се одвива со возила со зимска опрема. Висината на снежната покривка на овој дел е 15-20 см. Патниот правец од с.Сакулица до с. Татомир е тешко прооден поради висина на снежната покривка која е 20-25 см.