Врз основа на акциониот план за справување со мигрантската криза на подрачјето на општина Гевгелија, на ден 04.03.2021 година во посета на ПО РЦУК Гевгелија и Прифатно транзитниот центар „Винојуг“ - Гевгелија (ПТЦ Винојуг) беше заменикот директор на ЦУК г-дин Екрем Зендели. Во рамките на посетата на ПТЦ Винојуг оствари работна средба со повеќе претставници од државните институции, пред се со заменик министерот за Труд и социјална политика г-дин Енвер Хусејин, г-ѓа Моника Сандри - висок претставник на УНХЦР во нашата држава, претставници на Граничната полиција и претставници на невладини организации во ПТЦ Винојуг.
Целта на посетата беше одблиску да се запознаат со начинот на работата на државните и УН организациите кои се присутни во ПТЦ Винојуг во Гевгелија. Исто така од страна на УНХЦР беше доставена донација во повеќе материјално технички средства за потребите на институциите во транзитниот центар пред се за потребите на вработените во МТСП.
Од страна на претставниците на ЦУК гостите беа детално запознаени со текот и начинот на справување со мигрантската криза на подрачјето на општина Гевгелија од нејзините почетоци па се до денес.
Им беа пренесени сите досегашни искуства и проблеми со кои се соочуваат институциите во транзитниот центар како и сето она што досега е реализирано и се реализира за потребите за понатамошно справување со мигрантската криза. Исто така гостите се запознаа и со начинот на регистрација на мигрантите како и за постапувањето на МВР во врска со илегалната миграција на ова подрачје.