Скопски регуин

Локалните патни правци кон селата Танушевци, Малино Маало и Брест се проодни.

 

Битолски регион

Во општина Демир Хисар  патниот правец за  с.Радово  е прооден  со теренско возило, додека патниот правец за село Боишта е непрооден.

 

Охридски регион

Во текот на вчерашниот ден се расчистувал патниот правец во Малесија на потегот с.Мислодежда - с.Збажди - с.Локов (опш.Струга).

 

Велешки регион

Во општина Свети Николе во текот на вчерашниот ден се работело на чистење на патниот правец за селото Патетино. Останатите патни правци до населенте места во општините Свети Николе и Лозово се проодни.

 

Штипски регион

Во текот на вчерашниот ден со возило за расчистување на снег работеле на пробивање на патниот правец кон с. Почивало (пл. Плачковица).

 

Кумановски регион

Во општина Старо Нагоричане прочистени  се  делумно  патните  правци  само  према  Арбанашко   каде  сообраќајот  се одвива  во  зимски  услови  и  само  за  теренски  моторни возила. Во  останатите  селски  повисоки  планински  предели како с. Цветишница, Цвиланце, Жељувино, Дренак се прават напори да бидат исчистени во  наредните  денови.

Во општина  Липково регионални и локални патни правци во општината  во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во  Планинскиот дел селата  кои се на повисоките места снежната покривака е поголема и  се непроодни. Непродони се локалните патни правци кон селата: Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Ранковце, Руница, Стража и Стрима во општина Липково, но голем дел од селата се без население ( испразнети а објектите претворени во викенд куќички).

Во општина Крива Паланка непрооден е локален (земјен ) пат село Дурачка Река – село Дренак. Локален земјен пат од село Мождивњак кон село Борово е непрооден.

Во општина Кратово на локалниот патен правец од Кратово до с.Каврак во планинскиот дел има снежна покривка од 35-40 цм. Сообраќајот до с.Мушково  се одвива со теренски возила, додека од с.Мушково до с.Каврак не се одвива. Отсечени се селата Нежилово и Каврак.