Скопски регион

Сите магистрални и регионални патни правци во Градот Скопје и околината се проодни. Сите локални патни правци во Градот Скопје и околината се проодни, освен патните правци кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора во општината Чучер Сандево и Китка во општините Студеничани и Зелениково, кои се тешко проодни односно проодни само за теренски возила и трактори.

Од ЈСП Скопје добиено е известување дека поради лизгавоста на коловозот скратени се повеќе линии, а целосно не сообраќаат автобусите на линиите за с.Долно и Горно Количани, Арачиново, Кучково, Виниче, Страхојадица, Држилово и Патишка Река.

Зимската служба на Градот Скопје и Јавните претпријатија во текот на ноќта и денот интензивно беа вклучени во расчистувањето на снегот од главните сообраќајници и критичните места во Градот. Употребени се околу 300 тони сол.Железничкиот и авионскиот сообраќај се одвива редовно. Од Меѓуградската автобуска станица имаме известување дека  имаат регистрирано одреден број задоцнувања на автобусите од западниот дел од државата.

 

Битолски регион

До сега во Битола има наврнато околу 30 см. снег и сеуште врни, Во текот на ноќта екипите на Македонија Пат и на Јавните претпријатија работеа на расчистување на државните патишта, патиштата во градските средини и локалните патни правци согласно програмата за зимско одржување и приоритет.
Прекини на ел.енергија до сега не се пријавени од ЕВН и нема пријави од граѓани на 195, во врска со последиците од обилните врнежи од снег, освен барање информации за проодноста на државните патни правци.

 

Струмички регион

Сите регионални патни правци се проодни -нема отсечени населени места.д ЕЛС Радовиш известени сме дрка локалниот  патен  правец кон с. Али Коџ – Коџалија е прооден за сообраќај во отежмати зимски услови. 

 

Охридски регион

Mагистралните и регионалните патни правци се проодни во зимски услови со поставените забрани на планинскиот превој Стража и правците Струга-Ќафасан, Дебар-Струга и Дебар-Маврово.

Локалните патишта се потешко проодни во ридско-планинските места, а непроодни се:

РЦУК Струга: Во Малесија (Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селце и Брчево), во регионот-Горни Дримкол (Јабланица, Нерези, Пискупштина, Модрич, Дренок, Горно Луково, Безево) како и Вишни и Горна Белица.

РЦУК Кичево: Непроодни се патните правци за селата: Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Кленоец, Попоец, Малкоец, Прострање, Цер, Црско. 

РЦУК М.Брод: Непроодни се патните правци кон селата: Горно и Долно Крушје, Битово, Волче, Заград, Долно и Горно Ботушје, Звечан, Рамне, Брест, Црешнево, Брезница, Дреново, Косово и Лупште.

Според известувањата од општините и операторите, продолжува пробивањето на патиштата и во ноќните часови.

 

 

Тетовски регион

Во Тетовскиот регион сите села се проодни во зимски отежнати услови во повисоките места, посебно во општина Желино.

 Во Мавровскиот регион патот не е очистен до следните села Дуф, Леуново, Сенце, Нистрово, Никифорово и Врбен е само делумно очистен. Во Никифорово има посетители од Скопје кои сакаат да си заминат во Скопје, затоа се прават напори да биде очистен овој патен праец.

Во Гостиварскиот регион во тек е чистење до селата Ѓурѓевиште, Јеловце и Џоновица.

Засега нема пријави од граѓани за проблеми. Снабдувањето со електрична енергија е редовно со помали дефекти во долнореканскиот регион и некои села во општина Боговиње.

 

Велешки регион


На подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско сите патни правци и улици се проодни и нема застој во одвивање на сообраќајот. Исто така се врши редовно чистење на регионалните и магистралните патишта. Патот накај с.Бузалково и с.Иванковци е сеуште непрооден, но се работи на расчистување на патиштата во двете села.

Во текот на денот во Кавадарци се расчистуваа и посолувааа улиците од прв и втор приоритет. Исто така се исчистени и посолени патните правци во рамничарскиот дел (Бегниште, Решава и други). Интервенирано на патните правци кон сите населени места во опш.Росоман. Се расчистуваат и улиците во с.Росоман. Сите патни правци се проодни за сообраќај.

На подрачјето на општините Неготино и Демир Капија сите регионални и локални патни правци се проодни и се врши чистење на истите.

На подрачјето на општините Св.Николе и Лозово сите регионални и магистрални патишта се проодни. Не е проодно кон селата: Сопот, Малино, Преод, Крушица, Алакинци, Трстеник и патниот правец од с.Ерџелија до с.Мустафино. Ова е моменталната состојба, но можно е да дојде до промени поради силниот ветер. Екипи од ЕЛС Св.Николе работат на расчистување на патот.

 

Штипски регион

Во подрачјето на градот Пробиштип сите патни правци се проодни. Отежнато и со теренски возила е кон с.Барбареево, Грезилевци, Тролово. Во Кочани во низинските села проодноста е поголема, планинските села проодни со теренски возила и патот кон Пониква е прооден.

Во подрачјето на општина Виница во моментов патниот правец кон с.Калиманци е непрооден и истиот ќе се расчистува во текот на утрешниот.

Во ЕЛС Карбинци, низинските патни правци се проодни додека селата од Плачковичкиот регион: Јонузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Парналија и Кучица се достапни само со теренски возила..

 

Кумановски регион

Во Липково и Старо Нагоричане, регионални и локални патни правци се делумно проодни во зимски услуви, додека во  планинскиот дел селата  кои се на повисоките места снежната покривака е поголема и  се непроодни.   Непродони патни правци во Општина Липково се: Липково - Глажња, Лукаре, Гошинце, Белановце, Думановце, Извор, Ранковце, Ропалце, Руница, Стража и Стрима. Во општина Старо Нагоричане  непрооден е региналниот патен правец од трета категорија  Старо Нагоричане - Длабочица, отсечени се селата Жегљане, Арбанашко, Длабочица и Дејловце. Локален патен правец Старо Нагоричане - село Стрновац непроден. Општина Старо Нагоричане непроодни патни правци  се и во селата: Алгуња, Малотино, Буковјање, Мглинце и Бајловце од Козјачкиот планински регион.

Во општина Куманово се работи на сите патни правци кон селата: Габреш, Колицко, Кучкарево, Новосељане, Косматац, Градиште, Кшање, Кокошиње, Пезово  и Кутлибек. Надлежните очекувааат во текот на денот и до попладневните часови сите села во тој регион да бидат проодни.

Во општина Ранковце реионален патен правец од трета категорија Ранковце-Герман е непрооден и сите села од тој регион се одсечени: Радибуш, Станча, Петралица, Пклиште, Ветуница, Гиновце, Вржогрнци и Отошница. 

Во општина Крива Палнка во планинскиот дел непроодни се селата: Длабочица, Дренак, Добровница, Кркља, Луке Огут, Нерав, Осиче Трново, Узем и Тлиминци.

Регионалните и локалните патни правци во Општина Кратово се проодни но со отежнато движење на возила. Непродни во Планинскиот дел се селата: Близнанци, Вакв, Димонци, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Крилатица, Куново, Нижилово, Мушково, Луково, Талашманци. Татомир и Тополовиќ.

На патниот правец помеѓу с.Ранковце и с.Герман поради обилни врнежи на снег е воведена забрана за сите видови моторни возила.

 

Од АМСМ известуваат дека во текот на денот се укинати забрани за движење на ТМВ на следните патни правци:

 
Од 18:20 часот укината е забраната на сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга и обратно, сообраќајот е нормализиран.

Од 18:08 часот укината е забраната на Стража, сообраќајот е нормализиран.

Од 13:30 часот укината е забраната за движење на товарни возила на планинскиот превој „Барбарас“.

Од 13:30 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан.

Од 13:00 ч се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.