Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, по врнежите од снег во земјата сите магистрални и регионални патни правци се проодни, освен некои патни правци кон повисоките места. Исто така, засега состојбата со водотеците е стабилна, има зголемувања на водостојот, но нема излевања на истите.
Скопски регион
Сите магистрални и регионални патни правци во Градот Скопје и околината се проодни. Сите локални патни правци во Градот Скопје и околината се проодни, освен патните правци кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора во општината Чучер Сандево и Китка во општините Студеничани и Зелениково, кои се тешко проодни односно проодни само за теренски возила и трактори.
Од ЈСП Скопје добиено е известување дека поради лизгавоста на коловозот скратени се повеќе линии, а целосно не сообраќаат автобусите на линиите за с.Долно и Горно Количани, Арачиново, Кучково, Виниче, Страхојадица, Држилово и Патишка Река.
Зимската служба на Градот Скопје и Јавните претпријатија во текот на ноќта и денот интензивно беа вклучени во расчистувањето на снегот од главните сообраќајници и критичните места во Градот. Употребени беа околу 300 тони сол.
Битолски регион
До сега во Битола има наврнато околу 30 см. снег и сеуште врни, Во текот на ноќта екипите на Македонија Пат и на Јавните претпријатија работеа на расчистување на државните патишта, патиштата во градските средини и локалните патни правци согласно програмата за зимско одржување и приоритет.
Во вечерните часови беше воведена е забрана за тешки товарни возила на патните правци: (од18.15 ч.) Прилеп – Кавадарци, превој „Плетвар“, (од 18.50 ч.) Прилеп – Мак.Брод превој „Барбарас“, Битола – Ресен, превој „Ѓавато“, и (од 21.55 ч.) од Ресен – Охрид, превој „Буково“; Прекини на ел.енергија до сега не се пријавени од ЕВН и нема пријави од граѓани на 195, во врска со последиците од обилните врнежи од снег, освен барање информации за проодноста на државните патни правци.
Струмички регион
Сите регионални патни правци се проодни. Комуналните претпријатија работат на расчистување на локалните и улиците во населените места. На територија на Општина Радовиш и Конче сите локални и регионални патишта се проодни, освен кон с.Али Коч – Коџалија но се прават напори и тие патни правци да се оспособат за сообраќај.
Охридски регион
Во текот на вчерашниот ден и ноќта југозападниот регион беше зафатен со поинтензивни врнежи од снег, проследени со ветер од северен правец. Магистралните и регионалните патни правци се проодни во зимски услови со поставените забрани на планинските превои Стража, Пресека, Буково и правците Струга-Ќафасан, Дебар-Струга и Дебар-Маврово. Локалните патишта се потешко проодни во ридско-планинските места во Малесија и Дримкол (Струга), Поречие (М. Брод) и Кичевски регион. Во градските средини локалните претпријатија превземаат мерки за расчистување. Електро снабдување до овој момент е без прекини. Јавувања на 195 за помош нема, освен за информации во однос на патиштата.
Тетовски регион
По последните интензивни врнежи од снег кој се уште врне во северозападниот регион магистралните и регионалните правци се проодни, со остатоци од замрзнат и кашаст снег по сообраќајниците. Висината на снежна покривка во ниските рамничарски места е околу 20 сантиметри снег, додека на повисоките места како и на Попова Шапка снежната покривка е околу 60 сантиметри снег со тенденција на зголемување со оглед дека и во моментот има интензивни врнежи од снег. Во Тетово главните улици се очистени, додека локалните улици се проодни, а се уште не се очистени тротоарите и пешачките патеки. Регионалниот пат Тетово-Попова Шапка е очистен и прооден, а исто така е отпочнато и со чистење на главниот пат до подшарпланинските села Бозовце, Вешала, Вејце и Бродец. Снабдувањето со електрична енергија засега се одвива непрекинато без пријава за дефекти и прекини.
Се уште не е очистен патот за Радуша, а во тек е организирање за чистење на локалните патишта .
Регионалниот пат Тетово-Теарце-Јажинце е очистен и прооден , додека во тек е чистење на локалните патишта во селата .
На територијата на ЕЛС Боговиње регионалниот пат е очистен и прооден, а во текот на ноќта е извршено чистење со механизација и до повисоките села Урвич, Јеловјане и Ново село. Во тек е чистење до селата Раковец и Горно Палчиште. Снабдувањето со електрична енергија и останати намирници е редовна и без проблеми. Во ЕЛС Брвеница регионалниот пат е прооден а исто така и локалните патишта до селата во општината се проодни, додека во тек е чистење патот до село Гургурница кое се наоѓа на висока надморска висина.. Снабдувањето со електрична енергија и достава на намирници е редовна.
Регионалниот пат крак Маврово-Дебар е очистен само во една коловозна лента, додека се уште има забрана за движење на ТТВ исто како и на патот Гостивар-Стража-Кичево. По новите интензивни врнежи и висината на снежната покривка од околу 40 сантиметри снег потребно е повторно чистење на патот до Врбен и околу обиколницата на Мавровско езеро. Снабдувањето со електрична енргија е редовно.
Во општина Гостивар е отпочнато со чистење на локалните патни правци и дека висината на снежната покривака од околу 20 сантиметри засега не представува поголем проблем. Снабдувањето со електрична енергија и намирници е редовна,
Велешки регион
На подрачјето на Велешкиот регион има врнежи од снег и дува северен ветер. Сите патни правци и улици во наведените општини се проодни и нема застој во одвивање на сообраќајот освен патот накај с.Бузалково е непрооден и затворен. Нема прекини во снабдувањето со електрична енергија. Денес е активирано чистење на Беглиште, Дреново, Јаболчиште, Решава, Марена и градот. Сите патни правци во општините Кавадарци и Росоман се проодни за сообраќај. Нема прекини во снабдувањето со електрична енергија. На подрачјето на општините Неготино и Демир Капија сите регионални и локални патни правци се проодни и се врши чистење на истите. Нема прекини во снабдувањето со електрична енергија. Регионалните и магистралните патишта се проодни. Непроодни се Горобинци, Трстеник, полигон Ѓуриште, Горобинци преод,Малино крушица, Алакинци и Мустафино. Во Опш.Лозово е секаде проодно, се чисти нон-стоп, свен во с.Беќирлија.
Штипски регион
Екипите на ЈП задолжени за расчистување на снегот постојано се на терен и ги одржуваат проодни патиштата согласно приоритетите. Патиштата се проодни во зимски услови и се препорачува без поголема потреба да не се тргнува на пат. Со престанокот на врнежи од снег се очекува активностите за расчистување на снегот од улиците и патиштата да дадат поголеми резултати.
Кумановски регион
Во Липково и Старо Нагоричане има поголема снежна покривка во повисоките планински предели во Козјачијата и Карадачкиот планински венец и истите се непроодни патни правци во тој дел. Регионален и локални патни правци во општината се делумно проодни во зимски услуви, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривака е поголема и се непроодни.
РЦУК Кратово известува дека регионалните и локалните патни правци во општина Кратово се проодни но со отежнато движење на возила, снежната покривка е до 15см, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривка е поголема и е се непроодни.
Регионалните и локалните патни правци во општина Крива Паланка и Ранковце се проодни но со отежнато движење на возила.
Од ЈП Македонија пат - Куманово известуваат дека сите локални, регионални и магистрални патни правци се опесочени и делумно проодни во зимски услуви.
Од Македонија пат - Кр.Паланка добиено е известување дека работат на одржување на магистралниот пат Крива Паланка-Деве Баир и на истиот има забрана за движење на тешки товарни возила, додека во регионални патни правци во нивна надлежност се делумно проодни во зимски услуви.
Снабдувањето со ел. енергија е редовно и нема најави за прекини за наредните денови досега.
Од АМСМ добиено е следното вонредно известување:
Од 08:30 часот на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.
Од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.