Денеска (12.02.2021 година), во рамки на серијата планирани работни средби, во Центарот за управување со кризи беа остварени неколку непосредни средби со раководните лица на регионалните центри за управување со кризи, за, како што посочи Ангелов, детектирање на реалните состојби, потреби и можностите и соочување со истите за да се надградуваме и како државен Цeнтар и како Систем во поглед на менаџментот со кризи.
Конкретно, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и заменик директорот Екрем Зендели, одржаа заеднички работни средби со раководните лица на регионалните центри за управување со кризи, од Северозападниот полошки плански регион (РЦУК Тетово и Гостивар), од Северниот скопски плански регион (РЦУК Карпош, Центар, Гази Баба, Чаир, Кисела Вода), од Јужниот пелагониски плански регион (РЦУК Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен) и од Југозападниот плански регион (Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод и Дебар).
Претставниците на регионалните центри ги презентираа капацитетите на регионалните центри за управување со кризи во погледн на човечки ресурси, услови за работа, материјално-техничка опременост и изнесоа и предлози за унапредување на работата на регионалните центри. Согласно и насоките на Ангелов и Зендели, стручните лица - вработените професионалци со поголемо искуство во сферата на управувањето со кризи, безбедноста и одбраната изнесоа и компаративни искуствени прикази за етапите на развојот на Центарот и Системот за управување со кризи (СУК) во поглед на стратешките правци на развој. Притоа, се имаше и можност и за пројавување и идеи за идни чекори во работата, поточно за комуникацијата, соработката и координацијата во ЦУК и СУК во согласност со современите текови во менаџментот со кризи, што претстојат како предизвик на државата.
Ангелов нагласи дека работата во ЦУК е одговорна задача во Системот за управуање со кризи, во било која форма на институцијата и сега и во иднина, во интерес на намалување на ризите и опасности и поуспешно справување со кризи, а секако преку координирано управување на активностите во СУК, во интерес на граѓаните во државата, а секако и во регионот и пошироко.